Опис на програма
Основна цел на програмата е да се оспособат лица над 17 години да изведуваат работни задачи за занимањето Гипсер-монтер. Програмата е предвидена за сите кои имаат желба да се занимаваат со ова занимање на професионален начин. Истата овозможува работно оспособување за Гипсер-монтер. Програмата е во времетраење од три месеци или 300 часа, каде се опфаќаат стручни и теоретски содржини кои ќе се реализираат во училниците на универзитетот, во специјализирани работилници кај работодавачи и на градилишта.
Во однос на структурата на реализација на програмата истата ќе биде организирана со изведување на теоретскиот дел. Исто така преку примена на формативно оценување во текот на реализација на секоја тема ќе следи усмено проверување на знаењата на кандидатите. Во текот на реализацијата на програмата ќе се води портфолио за секој кандидат и исто така ќе се вреднуваат изработките кои ќе ги содржи портфолиото. Стекнувањето на теоретска основа и позитивна оценка ќе биде предуслов за започнување на реализацијата на практичниот дел од обуката. Практичната обука ќе се реализира во специјализирани работилници за изведување на гипсерско-монтерски работи и на градилишта. Притоа активностите ќе бидат следени од искусен гипсер-монтер кој редоследно, во зависност од сложеноста на задачите, ќе ги вклучува кандидатите во практични активности. На крајот на програмата ќе следува проверка и оценување на стекнатите знаења и вештини од страна на тричлена комисија, односно ќе се спроведе оценување на практична изведба преку завршен испит.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 62 | 86400 |
Пракса | 218 | 86400 |
Оценување | 86400 | 86400 |
Вкупен број на часови | 280 |