Опис на програма
Програмата овозможува оспособување на кандидатите за Готвач -Угостител и истата е со времетраење од 156 часа, од кои 31 час за теоретскиот и 125 часа за практичниот дел, опфаќа стручно-теоретски предавања кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на вовед во практичната обука која ќе се изведува во опремена кујна . Oбуката ја изведуваат предавачи со повеќегодишно искуство. Програмата за Готвач-угостител овозможува учесниците низ теоретска и практична настава да се запознаат со организација на работа во угостителските кујни, со организацијата на работниот простор, со заштита и безбедност при работа , со опремата и инвентарот – намена и начин на одржување, ќе се оспособат да ракуваат со опремата и инвентарот, ќе се запознаат со стручната терминологија, низ практични часови ќе научат самостојно да ги извршуваат работните задачи, да ги совладаат готварските вештини кои се однесуваат за подготовка на: супи, консоме, чорби, потажи, ладни предјадења ,топли предјадења, сосови и фондови, јадења од риба, готвени јадења, печења, јадења по порачка, јадења на скара, варива и гарнири, како и јадења од националната кујна. Во еден дел ќе биде опфатена диеталната, вегетеријанската и безглутанската кујна. Во текот на обуката ќе се посвети вниманије и на начинот како се сервира, аранжира и декорира јадењето. По успешно положениот завршен испит учесникот се стекнува со сертификат ГОТВАЧ ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 31 | |
Пракса | 125 | |
Оценување | ||
Вкупен број на часови | 156 |