Опис на програма
Резултати од програма
(Mk) По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
- самостојно ја организира својата работа;
- рационално користи енергија, алат и време;
- применува прописи за добра производна и добра хигиенска практика;
- применува прописи и опрема за заштита при работа;
- применува прописи за противпожарна заштита, енергетска ефикасност и екологија;
- правилно користи, одржува и чува алат, прибор и мерни уреди за спроведување на оџачарската дејност;
- лоцира елементи и составни делови на оџачките канали и ложишта за цврсто и течно гориво во објектите за индивидуално и колективно домување, местоположба во градежните објекти, функција и противпожарни карактеристики;
- лоцира елементи и составни делови на оџачките канали и ложишта за цврсто и течно гориво во објектите за индивидуално и колективно домување во проекти;
- самостојно спроведува технолошки постапки за одржување и чистење на чадоводни инсталации и ложишта за цврсто и течно гориво во објектите за индивидуално и колективно домување;
- самостојно спроведува превентивно советување во однос на правила и прописи за скалдирање на цврсто и течно гориво во објектите за индивидуално и колективно домување,
- самостојно води администрација и евиденција за планирање и извршување на оџачарската дејност во склад со регулативата и законската легислатива;
Критериуми за влез во програмата
(Mk)
- минимум основно образование,
- возраст од најмалку 18 години,
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 50 | 20 |
Пракса | 185 | 74 |
Оценување | 15 | 6 |
Вкупен број на часови | 250 |
0 STUDENTS ENROLLED