Опис на програма
Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники за поправка на подлогата за поплочување, нанесување нова подлога и поплочување на подови и ѕидови и други елементи со керамички плочки, како и правилоно користење на опремата и алатот за работа.
Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 50 часа теоретска обука, 185 часа се практична обука во соодветна работилница и 15 часа се наменети за оценување. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците, а практичниот дел ќе се изведува од понеделник до петок. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во училиштето и неа ја изведува наставник, а практичната обука се спроведува во училишна работилница и градежен објект, под менторство на наставник и специјалист (инструктор) за плочкарски работи.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење за теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверат стекнатите вештини и компетенции. По успешно завршување на програмата учесниците се стекнуваат со сертификат „Плочкар за керамички плочки“.
Резултати од програма
- самостојно ја организира својата работа;
- рационално користи енергија, алат и време;
- применува прописи за добра градежна и добра хигиенска практика;
- применува прописи и опрема за заштита при работа;
- правилно користи, одржува и чува алат и опрема за поставување на керамички плочки;
- применува прописи за добра и квалитетна изведба;
- применува прописи за квалитет на материјалите и нивно користење;
- применува технолошки постапки за поставување на нови керамички плочки и целосно или делумно заменување на оштетени керамички плочки;
Критериуми за влез во програмата
- минимум основно образование,
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 50 | 20 |
Пракса | 185 | 74 |
Оценување | 15 | 6 |
Вкупен број на часови | 250 |