Опис на програма
Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники и методи при одржување на хигиена во домаќинства и хотелски соби како и правилно користење на средствата за одржување на опремата и инвентарот во истите.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат за Собар/ка.
Времетраењето на програмата за реализација на посебната програма е 80 часа од кои 24 часа се стручна теорија, 48 часа се практична обука во реални работни услови и 8 часа се наменети за оценување.
Вреднувањето на постигнувањето на учесникот се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на стекнатото знаење, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесникот се стекнува со сертификат Собар/ка.
Резултати од програма
По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: - планира, подготвува и изведува работи во секторот за одржување на соби - врши проверка на квалитетот на чистење на доделените соби - комуницира со гости, менаџери, претпоставени - применува висок степен на ефикасност во работењето - води евиденција за доделени соби - применува правила за чистење на простории кои се доделени - практикува правила за чистење на соба за одреден временски период - чисти според стандарди и процедури, достапни соби, зафатени соби и празни соби - мести кревет според стандарди и процедури - брише прашина, прозорци, врати, чисти тоалети, чисти со правосмукалка според стандарди и процедури - врши требување и набавка од магацинот за потребите во собите - ја одржува количката чиста и снабдена со потребните материјали - ги применува правилата за чисти и уредни униформи - применува правила за размена и чување на клучевите од собите - постапува според процедури со предметите на гостите |
Критериуми за влез во програмата
Учесникот да има завршено најмалку основно образование |
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 24 | 30 |
Пракса | 48 | 60 |
Оценување | 8 | 10 |
Вкупен број на часови | 80 |
Course Reviews
No Reviews found for this course.