Опис на програма
Овој курс е одлична прилика за изучување на основните правила на граматиката на англискиот јазик. Кандидатот ќе ги стекне основните познавања на англискиот јазик со кои лесно ќе може да разбира и употребува секојдневни изрази и фрази. Се посветува подеднакво внимание на четирите вештини( слушање, разбирање, читање и пишување). Материјалот се совладува преку теоретски и практичен дел, а покрај учебникот, наставникот изготвува и дополнителни материјали за работа,а често се користи и ЦД како и материјали од интернет. Кандидатот добива и домашни задачи кои ги прегледува наставникот. По завршувањето на курсот кандидатот добива сертификат за завршен прв степен по англиски јазик.
Резултати од програма
(Mk) По завршувањето на курсот кандидатот треба да ги знае основните секојдневни фрази и изрази,да прави реченици, а може и да води едноставен разговор. Ќе знае да користи минато, сегашно и идно време, ќе знае да се претстави себеси и да поставува прашања и да дава одговори.
Критериуми за влез во програмата
(Mk) Нема.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 31 | 48 |
Пракса | 31 | 48 |
Оценување | 2 | 4 |
Вкупен број на часови | 64 |
0 STUDENTS ENROLLED