Опис на програма

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Целта на насавата по англиски јазик е да го оспособи учесникот да комуницира на англиски јазик во функција на понатамошното образование и кариера, да ги унапреди јазичните вештини, да обезбеди можности за самообразование земајќи ја предвид важноста на англискиот јазик за вработување и  професинално напредување.
Процесот на учење на англискиот јазик се дели на одреден број на компоненти и тоа: слушање, зборување, читање, пишување, комуникативни модели, граматика, вокабулар и култура.
Б2(високо рамниште) разбира поголем дел од ТВ програма, се вклучува во проширени конверзации, следи презентации и предавања од не многу познат контекст, разбира главни идеи во слжени текстови, срочува детален текст на широк спектар од теми.
1. Граматика: консолидирање на граматичките времиња; наративни граматички времиња; глаголска употреба; прашална и негативна форма од сите граматички времиња; прашални форми; идни временски форми; обработка на формални и неформални изрази за квантитет; модални глаголи; декларативни прашални форми; зависни и независни односни реченици. 2. Слушање со разбирање:сложени именски, придавски и глаголски форми; домот и патување; колокација со глаголи; фразални глаголи; идиоматски изрази; книги и филмови; префикси со негативно значење; антоними во контекст; колокации и идиоматски изрази; обработка на зборови со иста пишана форма со различно значење; колокации и идиоматски изрази со глагол; колокации со прилози. 3. Зборување: размена на информации поврзани со луѓе; живеење во странство; извици; масовен туризам; покажување интерес и изненадување; раскажување приказна; добри и лоши лаги; учтиви изрази; можности во иднина; договарање состаноци; телефонски разговори; познати брендови; броеви, дропки и децимали; договорени бракови; самостоен живот; екстремни спортови и предизвици; опишување места; професор; телевизиска програма; приказни со неизвесен расплет; интерпретирање соништа; животни искуства; различни периоди од човечкиот живот. 4: Читање: никаде не е како дома; патување; извадоци статии од весник; вистини и лаги; поглед во иднината; познати брендови; неформален разговор; дружење; одење во крајност; пријателства; ризици; никогаш не е доцна; биографија; квиз. 5. Пишување: наративен писмен израз; кохерентно поврзани идеи; пишување на e-mail; извештај; дискурзивен есеј; формални и неформални писма и/или e-mail пораки; наративно пишување; употреба на сврзници.

Резултати од програма

(Mk) Резултатите на прогамата произлегуваат од целите и по  успешно завршен модул од програмата учесникот ке биде оспособен да: има високо развиена способност за рецептивна и продуктивна употреба на англикиот јазик во устен и писмен контекст, да да поседува широк вокабулар кој ќе му возможи натамошно дообразување напредување на професионално поле, искажува креативност при пишување на текстови од општ и стручен аспект и разбира говор од разни говорници во секојдневна и професинална комуникација. По завршувањето на овој модул учесникот ќе може да разбере разговор на англиски јазик, да следи тв програма и медиуми, да се впушта во подолги конверзации, како и да врши презентации на теми познати, но и недоволно проучени, може да чита литература на англиски јазик и да пишува деловни писма, есеи и критики. Учесникот може да разбере практично се кога му зборува роден говорник и без никакви потешкотии да се снаоѓа во средина каде се користи англиски јазик.

Критериуми за влез во програмата

(Mk) Минимум 70% од тестовите и успешно завршени практични задачи

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 10 7
Пракса 58 87
Оценување 4 6
Вкупен број на часови 72
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support