Опис на програма
Целта на насавата по англиски јазик е да го оспособи учесникот да комуницира на англиски јазик во функција на понатамошното образование и кариера, да ги унапреди јазичните вештини, да обезбеди можности за самообразование земајќи ја предвид важноста на англискиот јазик за вработување и професинално напредување.
Процесот на учење на англискиот јазик се дели на одреден број на компоненти и тоа: слушање, зборување, читање, пишување, комуникативни модели, граматика, вокабулар и култура.
Б2(високо рамниште) разбира поголем дел од ТВ програма, се вклучува во проширени конверзации, следи презентации и предавања од не многу познат контекст, разбира главни идеи во слжени текстови, срочува детален текст на широк спектар од теми.
1. Граматика: консолидирање на граматичките времиња; наративни граматички времиња; глаголска употреба; прашална и негативна форма од сите граматички времиња; прашални форми; идни временски форми; обработка на формални и неформални изрази за квантитет; модални глаголи; декларативни прашални форми; зависни и независни односни реченици. 2. Слушање со разбирање:сложени именски, придавски и глаголски форми; домот и патување; колокација со глаголи; фразални глаголи; идиоматски изрази; книги и филмови; префикси со негативно значење; антоними во контекст; колокации и идиоматски изрази; обработка на зборови со иста пишана форма со различно значење; колокации и идиоматски изрази со глагол; колокации со прилози. 3. Зборување: размена на информации поврзани со луѓе; живеење во странство; извици; масовен туризам; покажување интерес и изненадување; раскажување приказна; добри и лоши лаги; учтиви изрази; можности во иднина; договарање состаноци; телефонски разговори; познати брендови; броеви, дропки и децимали; договорени бракови; самостоен живот; екстремни спортови и предизвици; опишување места; професор; телевизиска програма; приказни со неизвесен расплет; интерпретирање соништа; животни искуства; различни периоди од човечкиот живот. 4: Читање: никаде не е како дома; патување; извадоци статии од весник; вистини и лаги; поглед во иднината; познати брендови; неформален разговор; дружење; одење во крајност; пријателства; ризици; никогаш не е доцна; биографија; квиз. 5. Пишување: наративен писмен израз; кохерентно поврзани идеи; пишување на e-mail; извештај; дискурзивен есеј; формални и неформални писма и/или e-mail пораки; наративно пишување; употреба на сврзници.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 10 | 7 |
Пракса | 58 | 87 |
Оценување | 4 | 6 |
Вкупен број на часови | 72 |