Опис на програма
Целта на насавата по англиски јазик е да го оспособи учесникот да комуницира на англиски јазик во функција на понатамошното образование и кариера, да ги унапреди јазичните вештини, да обезбеди можности за самообразование земајќи ја предвид важноста на англискиот јазик за вработување и професинално напредување.
Процесот на учење на англискиот јазик се дели на одреден број на компоненти и тоа: слушање, зборување, читање, пишување, комуникативни модели, граматика, вокабулар и култура.
Ц1(напредно рамниште) со леснотија искажува лични ставови, учествува во долги формални и неформални конверзации и искусии, разбира и пишува долги и сложени текстови, вклучуваќи и формални академски и професионални документи, лесно следи ТВ, претстави, предавања и презентации,срочува јасен, добро структуриран текст на сложени теми.
1. Граматика: редуцира инфинитив форми; изоставува функционални зборови; консолидира граматички глаголски времиња; активни и пасивни реченични форми; колокации со прилози. 2. Слушање со разбирање: опис на националности; емиграција и миграција; фразални глаголи со метафорично и буквално значење; трендови; споредби; статистика (опис и толкување); синоними и антоними; поговорки; весници и списанија; таблоиди; рима и смисла. 3: Зборување: дискусија за стереотипи поврзани со различни националности; драматизација; пласирање маркетинг кампања; дискусија за улогата на рекламирањето; опис и дискусија во врска со познати личности; зацртана судбина; чувства и емоции. 4: Читање: нашата земја е и ваша; слики; замисли; секогаш подготвен; големи зделки; славни личности; љубов. 5. Пишување: формални и неформални писма; раскажување приказна; деловен (бизнис) извештај; давање соодветни кратки одговори; составување писмо за во весник; опис на лични искуства
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 10 | 7 |
Пракса | 58 | 87 |
Оценување | 4 | 6 |
Вкупен број на часови | 72 |