Опис на програма
Главната цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за сервисирање на машини за шиење.
Покрај теоретскиот дел со вежби особен акцент е ставен на практичната обука на учесниците. Теоретскиот дел на програмата со вежби се реализира во училница или опремена работилница, а практичната обука се изведува во реални услови, во компаниите. При разработката на стручната теорија со вежби ќе се води сметка за индивидуалните можности и способности на учесникот и истата ќе се реализира преку активни методи. На крајот на успешно реализираната обука учесникот ќе се стекне со сертификат за работна оспособеност за сервисирање на машини за шиење. Во програмата ќе се вклучат учесници со завршено средно образование.
Обуката ќе се состои од два дела, теоретски предавања со вежби и практична работа, во траење од 244 наставни часа.
Резултати од програма
- го организира работното место;
- ги мери и контролира со метро, подвижно мерило и аголни мерила;
- применува прописи за заштита при работа;
- ги продлабочи знаењата во функција на самостојно изведување на занимањето;
- разликува постапки на заварување;
- чита и анализира симболи на заварени врски;
- користи опрема за гасно заварување и регулира пламен;
- користи техничка документација;
- заварува со примена на разни техники;
- изведува различни завари со МАГ постапка на заварување според работниот налог: челни, преклопни, аголни, надворешни и Т аголни споеви без подготовка на
- изведува различни завари со ТИГ постапка на заварување според работниот налог: челни, преклопни, аголни надворешни и Т аголни споеви без подготовка на жлебови за заварување;
- користи опрема за заварување и заштита при работа;
- заварува разни завари на разнородни, истородни и обоени метали;
- изработува едноставен бизнис-план.
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 75 | 30 |
Пракса | 165 | 66 |
Оценување | 10 | 4 |
Вкупен број на часови | 244 |