Опис на програма

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Програмата за обука на аргон заварувач претставува посебна програма за работно оспособување, стекнување знаења, вештини и способности на кандидатите.

Главна цел е учесникот по завршување на програмата да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при  извршување на заварувачки работи како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место, да организира сопствената работа, да организира простор и работа во работилница, рационално да ги користи материјалите, да води грижа за сопствената и безбедноста на останатите вработени, да води евиденција и подготвува пресметки за работа,да ги познава правата од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис.

Содржините од програмата ќе се  реализираат како теоретски и практичен дел и би се завршило со полагање на завршен испит.

Теоретскиот дел е со содржини со кој кандидатите ќе се здобијат со потребните знаења предвидени во содржината на модуларните единици  и ќе се реализира во училница опремена за теоретска настава со целосна подршка на интернет мрежа за да се доближат содржините од стручно теоретскиот дел до учесниците, додека со практичниот дел од програмата се предвидува работно оспособување на кандидатите за практична примена на наученото од областа на заварувањето во кабинети опремени со потребниот алат,пробор  и опрема.

Како начин на реализација на обуката ќе се применуваат современи методи, вербални, демонстрирање, практична работа-вежби кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Програмата ќе се реализира со вкупно 240 часа со следниве модули:

-Техничка документација

-Материјали за заварување

-Уреди за заварување во заштитна атмосфера на инертен гас

-Заварување во заштитна атмосфера на инертен гас со топлива и нетоплива електрода MIG и TIG постапка

-Бизнис и претприемништво

По успешно завршување на обуката и положен завршен испит, кандидатите ќе  се стекнат со сертификат за работна оспособеност за аргон заварувач со можност за вертикално напредување во програми од повисоко ниво во занимањето.

 

Програмата за обука  за занимањето аргон заварувач претставува посебна прогарма за стекнување посебни знаења, вештини и способности на кандидатите и истата опфаќа теоретски и практичен дел кој ќе се реализира во вкупно 240  часа).

Резултати од програма

(Mk) Како резултат од спроведената обука се очекува кандидатите да се стекнат со следниве способности и компетенции: -чита едноставни конструктивни цртежи, скици, проекти и опис на работите од областа на занимањето; -дефинира работни чекори, средства и методи на работа; -анализира работна и техничка документација, подготовка на апарати, алат и прибор за работа; -ги разликува и применува машинските материјали; -ги познава структурните промени во материјалот по процесот на заварување; -дефинира оптимални режими на заварување на материјали; -изведува заварувачки работи во технолошкиот циклус; -изработува делови од метални профили, цевки и подебели лимови со примена на постапка за заварување; -контролира точност и квалитет на изработка ; -изработува бизнис план.

Критериуми за влез во програмата

(Mk) За исполнување на критериумите, кандидатите треба да имаат:   -Завршено минимум основно образование. -Да имаат наполнето  17 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 48 20
Пракса 168 70
Оценување 24 10
Вкупен број на часови 240
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support