Опис на програма
Програмата за асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест и деменција има за цел оспособување на учесниците за давање помош и поддршка на корисниците на услугите, и нивните семејства. Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест и деменција треба да обезбеди директна помош, поддршка и нега на лицето за кое се грижи, како и индиректна поддршка и помош на неговото/нејзиното семејство.
Програмата е со тримесечно времетраење, 250 часа или 10 кредити, истата опфаќа стручно теоретски содржини во времетраење од 110 часа-теоретска обука која се реализираат во училница/кабинет и 140 часа-практична работа ќе се изведува во домашни услови и институции за сместување на лица со алцхајмерова болест. По завршување на програмата учесникот ќе се добие Сертификат за Асистент за нега на лица со алцхајмерова болест. Програмата ќе овозможи учесникот да се оспособи да:
- Планира, подготвува и организира сопствената работа самостојно и/или под надзор на стручно лице во институции/установи за лица со Алцхајмерова болест.
- Дава нега на лице алцхајмерова болест и со деменција и според потребите и / или насоките на здравствениот тим;
- Дава поддршка и помош на лица со Алцхајмерова болест и деменција и нивните семејства;
- Се грижи за квалитетот на извршената работа, безбедноста и здравјето на работната и животната околина.
- Користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и исхрана, манипулира при физиолошка потреба;
- Комуницира и е проактивен во обезбедувањето на услугата;
се грижа за лична безбедност, безбедност при работа, безбедност на клиентот и околината во која работи.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 110 | |
Пракса | 140 | |
Оценување | ||
Вкупен број на часови | 250 |