Опис на програма
Резултати од програма
(Mk) Со завршувањето на обуката, сертифицираните учесници се обучени да ги развиваат и зајакнуваат пазарните врски во винската индустрија со што ќе им помогнат на постојните и идните релевантни чинители да ги подобрат и унапредат управувувањето и организацијата на работата. Воедно, со тоа се зголемува свеста за побарувањата на домашниот и странските вински пазари.
По завршување на обуката учесникот ке биде во состојба да:
- Познава агротехнички и ампелотехнички мерки кои се применуваат за одржување на лозовите насади.
- Избира сорти прилагодливи на почвата и климатските услови.
- Објаснува принципи на органско производство на грозје.
- Проверува квалитет на грозјето за проиводство на квалитетно вино.
- Објаснува технологии на производство на бело, розе, црвено и пенливо вино во целост.
- Познава постапка на зреење на виното во дабови бочви, употреба на дабова алтернатива.
- Познава технологија на полнење и затворање на виното во шише.
- Обезбедува оптимални услови за складирање и чување вино според видот и стилот.
- Врши оценување на вината преку користење на прифатените сензорни евалуациони техники.
- Опишува органолептички карактеристики на виното.
- Врши презентација на карактеристиките и квалитетот на виното пред медиуми или клиенти.
- Нуди помош и информации на клиентите во правец на избор и достапност на вина.
- Дискутира со клиентите околу видови на вино, стилови, региони, лозарството и методи на производство, земајќи го предвид нивото на знаење за вино на купувачите.
- Служи вино на соодветна температура според типот и стилот на виното согласно изборот на клиентите.
- Нуди конкретни совети за компатибилноста на различни вина со различни видови јадења и храна.
- Идентификува трендови за вкусовите на клиентите врз основа на директни контакти и работно искуство.
- Обезбедува помош во дизајнирањето, содржината и цените во винската листа.
- Нуди помош во дизајнирањето и описот на пропратните промотивни материјали за виното (етикета, каталог, слоган).
- Идентификува генерални трендови во пазарот на вино и врши промоција и продажба на вино.
Критериуми за влез во програмата
(Mk) Програмата е фокусирана на деловните субјекти со можност да испрати покани преку јавни огласи, писма, e-mail итн за да примарните производители, посредниците, преработувачите, засегнатите здруженија и други заинтересирани субјекти кои се релевантни во винскиот сектор да бидат подеднакво и транспарентно информирани.
Идентификацијата и првичната селекција на кандидати ќе се одржи во објектот утврден за обуката, преку еднодневен настан (работилница).
Примарно бројот на крајните корисници на пилот-програмата ќе биде максимум по 15 кандидати во група, селектирани и избрани од различни сегменти на винската индустрија и сродни области на винскиот сектор. Во зависност од покажаниот интерес може да се формираат повеќе групи.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 42 | 28 |
Пракса | 100 | 66 |
Оценување | 10 | 6 |
Вкупен број на часови | 152 |
0 STUDENTS ENROLLED