Опис на програма
Оваа програма е наменета за изучување на германскиот јазик на основно ниво во хомогени групи со претходно предзнаење на нивото А1.1 и според Европската референтна јазична рамка го опфаќа нивото А1.2, со што истовремено и го подготвува и оспособува слушателот за полагање на испитот Start Deutsch 1. Во фокусот на целите и задачите на програмата е изучувачот на јазикот како социјална единка, чија основна задача е да се стекне со комуникативни вештини. Основни наставани материјали се учебникот и работните листови, це-де кон учебникот, це-де кон работните листови, но и други додатни материјали, вежби, аудио-визуелни содржини и сл., кои дополнително се внесуваат во наставата од страна на одговорниот наставник. Слушателите етапно се воведуваат во германскиот јазик, преку подеднаква застапеност на сите јазични компетенции: слушање, читање, пишување и зборување и јазични вештини: граматика и вокабулар. Во програмата застапени се и фонетски вежби, со цел слушателот правилно да се насочи во изговорот и правописот. Наставните содржини се презентирани преку теми од секојдневното општење и автентични, релевантни текстови, како на пр. писма, информативни брошури, статии од весници, телефонски разговори, вести и сл. Во програмата застапени се и наставни единици со цивилизациска содржина, каде што акцент е ставен на географските и културни карактеристии, но и обичаи и навики, типични за германско-јазичните говорни подрачја, со цел на слушателот што повеќе да му се доближат културните разлики. Методичко-дидактичкиот пристап и техниките на учење во процесот на наставата активно ги вклучуваат сите слушатели во групата. Наизменично се применуваат како фронтална настава, така и индивидуална работа, но и работа во парови, групи и пленум. Во текот на посетувањето на курсот се спроведуваат и тематски тестови за евалуација на стекнатото знаење на слушателите, а по завршувањето на програмата стушателот полага соодветен завршен испит, по што се стекнува со диплома за успешно завршен II степен по германски јазик, основно ниво А1.2 (Grundstufe, A1.2).
Резултати од програма
- Занимања
- Месеци
- Делови на телото
- Болки
- Закажување / одложување / откажување термини, состаноци
- Град, места / објекти низ градот
- Прашување и давање објаснување за патот до одредено место
- Опис на град
- Имиња на градови и држави со насока на движење
- Облека
- Прашување и искажување на мислење за тоа дали и колку нешто ни се допаѓа
- Искажување на учтиви желби и молби
- Темпорални прашални зборови
- Темпорални препозиции
- Глаголите haben (има) и sein (сум) во претеритум
- Модални глаголи: müssen, dürfen, mögen
- Безлична заменка man
- Заповеден начин - императив
- Присвоен член во сите лица
- Редни броеви
- Падежот датив после предлозите: mit, bei, zu
- Локални препозиции со акузатив и датив
- Локални прилози: vorn, hinten, unten, oben
- Конјунктив 2
- Опрeделени заменки
- Лични заменки во датив
- Компаратив и суперлатив од: gut, viel, gern
- Демонстративен член: dies-
- Прашален член: welch-
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 15 | 44 |
Пракса | 15 | 44 |
Оценување | 4 | 12 |
Вкупен број на часови | 34 |