Опис на програма
Оваа програма е наменета за изучување на германскиот јазик на самостојно ниво во хомогени групи со претходно предзнаење на нивото А2.2 и според Европската референтна јазична рамка го опфаќа нивото В1.1, со што истовремено и го подготвува и оспособува слушателот за полагање на испитот Zertifikat Deutsch. Во фокусот на целите и задачите на програмата е изучувачот на јазикот како социјална единка, чија основна задача е да се стекне со комуникативни вештини. Основни наставани материјали се учебникот и работните листови, це-де кон учебникот, це-де кон работните листови, но и други додатни материјали, вежби, аудио-визуелни содржини и сл., кои дополнително се внесуваат во наставата од страна на одговорниот наставник. Слушателите напредуваат кон совладувањето на германскиот јазик, преку подеднаква застапеност на сите јазични компетенции: слушање, читање, пишување и зборување и јазични вештини: граматика и вокабулар. Наставните содржини се презентирани преку теми од секојдневното општење и автентични, релевантни текстови, како на пр. писма, информативни брошури, статии од весници, телефонски разговори, вести, извадоци од литературни текстови, радио и ТВ-емисии и сл. Во програмата застапени се и наставни единици со цивилизациска содржина, каде што акцент е ставен на географските и културни карактеристии, но и обичаи и навики, типични за германско-јазичните говорни подрачја, со цел на слушателот што повеќе да му се доближат културните разлики. Методичко-дидактичкиот пристап и техниките на учење во процесот на наставата активно ги вклучуваат сите слушатели во групата. Наизменично се применуваат како фронтална настава, така и индивидуална работа, но и работа во парови, групи и пленум. Во текот на посетувањето на курсот се спроведуваат и тематски тестови за евалуација на стекнатото знаење на слушателите, а по завршувањето на програмата стушателот полага соодветен завршен испит, по што се стекнува со диплома за успешно завршен V степен по германски јазик, средно / самостојно ниво В1.1 (Mittelstufe, B1.1).
Резултати од програма
- Говорење за минати настани
- Раскажување на животна приказна
- Именување на спротивности
- Опис на личности и предмети
- Зборување за среќни и несреќни моменти
- Зборување за телевизиска програма
- Зборување за прочитана книга
- Давање совети и препораки
- Преглед кај лекар – опис на процесот
- Зборување за разни статистики
- Именување на вокабулар од областа на науката
- Зборување за нереалното
- Допрашување во ситуации кога нешто не е добро разбрано
- Зборување за својата лична биографија
- Јазици и чувства
- Зборување за својот стан од соништата
- Живот во град или на село
- Соживот и конфликти со соседите: решавање на конфликти
- Статии од весници
- Сложени темпорални реченици со сврзникот als
- Минато време: Präteritum
- Минато време: Plusquamperfekt
- Честички за градуирање: пр. ziemlich
- Сложени допусни реченици со сврзникот obwohl
- Релативни реченици и релативни заменки
- Падеж: генитив
- Повторување на Passiv Präsens
- Passiv Präsens со модален глагол
- Повторување на конјунктив 2 на сегашноста
- Иреални условни реченици
- Предлог wegen
- Сложени каузални реченици со darum, deswegen
- Дводелни сврзници
- Конјунктив 2 на минатото
- Иреални условни реченици во Конјунктив 2 на минатото
- Повторување и надградување на глаголите со фиксни препозиции
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 15 | 44 |
Пракса | 15 | 44 |
Оценување | 4 | 12 |
Вкупен број на часови | 34 |