Опис на програма
Главната цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за готвење во производните одделенија во угостителските објекти. Програмата ги опфаќа сите техники на готвење. Оваа програмата овозможува работно оспособување за Готвач во угостителски објект и опфаќа стручно теоретски содржини и практичната обука.
По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да ја подготвува и ја организира својата работа, да составува листа на јадења и мени за редовните оброци и да приготвува прехранбени продукти во различни видови готварски производи, ладни и топли предјадења, супи, чорби и потажи, основни сосови, јадења од месо, риби, прилози, вегетаријански и национални јадења, салати, да ги сервира, декорира и ги испорачува јадењата во соодветни садови, да ја води и ја ажурира евиденцијата за работата во кујната, да работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работата и услугите, да извршува работите во согласност со прописите за заштита на работната средина и околината, да ги познава правата од работен однос и можностите за отварање и водење на сопствен бизнис.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 24 | 29 |
Пракса | 58 | 71 |
Оценување | ||
Вкупен број на часови | 82 |