Опис на програма
Програмата “Kозметичар за нега на лице и тело” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката. По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салонот, применува санитарно технички норми за спроведување на козметичка дејност,подготвува клиент за третман, спроведува третмани на лице и тело, спроведува мерки за заштита на работна и животна средина,комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува.Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на реализацијата ќе се применуваат наставни средства и помагала кои се дефинирани во точка 23 (опрема и наставни помагала).
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит.
Структурата на програмата за “Kозметичар за нега на лице и тело” е следна: стручно-теоретски дел, практична обука и проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).
.
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат за козметичар за нега на лице и тело.
Времетраењето на програмата е 3 месеци или 12 недели или 240 часа. Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за козметика.
Резултати од програма
- организира простор и работа во козметички салон,
- подготвува работното место и клиент,
- подготвува лице за третман
- третира лице според состојба на кожа,
- применува видови третмани на лице,
- применува техники на масажа според состојба на тело и средство за масажа
- депилира лице и тело со примена на разни техники и средства,
- применува норми на работна етика.
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 36 | 15 |
Пракса | 180 | 75 |
Оценување | 24 | 10 |
Вкупен број на часови | 240 |