Опис на програма
Главна цел на програмата е учесникот да стекне вештини и компетенции за самостојно извршува работни активности во салон и надвор од него поврзани со изгледот/стајлингот односно шминката, формата и бојата на фризурата и бојата на облеката.
Времетраењето на целата програмата е 300 часа од кои 90 часа теоретска обука, 180 часа се практична обука во реални работни услови и 30 часа се наменети за оценувањето. Теоретската обука се одвива во специјализирани училници и работилници со потребна современа опрема за изведување на настава. Практичната обука се изведува во работилница со соодветен простор за изведување на обуката.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со тест после теоретската обука за секој модул, а по завршувањето на практичната обука за секој модул следи изработка на работна задача. Учесникот треба да добие позитивен резултат од двете проверки за успешно да го заврши модулот. Доколку не биде успешен на некоја од проверките се упатува на повторно полагање. Учесникот преминува во следниот модул по успешно завршување на претходниот модул.
По завршување на сите модули следува завршен испит – Изработка на проект за визуелна стилизација кај клиент.
Со избор на модулите од 1 до 6, со траење од 300 часа. По завршување на секој модул се изведува проверка. Со завршување на модулите од 1 до 6 и со положен завршен испит кој се состои од тест и изработка на практична задача се добива сертификат за МОДЕН СТИЛИСТ.
Со избор на модулите од 1, 2, 3 и 5 од 170 часа. По завршување на секој модул се изведува проверка. Со завршување на модулите 1, 2, 3 и 5 и со положен завршен испит кој се состои од тест и изработка на практична задача се добива сертификат за СТИЛИСТ ВИСАЖИСТ.
Со избор на модулите од 1, 2, 3, 4 и 5 со траење од 260 часа. По завршување на секој модул се изведува проверка. Со завршување на модулите 1, 2, 3, 4 и 5 и со положен завршен испит кој се состои од тест и изработка на практична задача се добива сертификат за СТИЛИСТ ФРИЗЕР.
Со избор на модулите од 1, 2, 4, 5 и 6 со траење од 250 часа. По завршување на секој модул се изведува проверка. Со завршување на модулите 1, 2, 4, 5 и 6 и со положен завршен испит кој се состои од тест и изработка на практична задача се добива сертификат за СТИЛИСТ ЗА ТЕАТАР.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 90 | 30 |
Пракса | 180 | 60 |
Оценување | 30 | 86400 |
Вкупен број на часови | 10 |