Опис на програма

Sorry, this entry is only available in Macedonian and Al. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in this site default language. You may click one of the links to switch the site language to another available language.

Главна цел Програмата развива знаења и вештини кои ќе му овозможат на учесникот самостојно да се грижи за здравјето и безбедноста на дете со пречки во развојот до 14-годишна возраст. Организирана е во два дела теоретски и практичен  кои ќе овозможат  кандидатот да биде во состојба да :

  • планира и изведува работни задачи
  • комуницира со децата, родител/старателите и соработниците на соодветен начин,
  • се грижи за емоционалниот, физичкиот, интелектуалниот и социјалниот развој на детето,
  • се грижи за балансирана, разновидна и здрава исхрана на детето,
  • грижи за одржување на хигиената и соодветно облекување на дете од 0 до 14 годишна возраст,
  • организира игра, рекреација и забава за детето,
  • обезбедува успешно следење на училишните обврски и други активности според насоките од родител/старателите на детето
  • применува правила на заштита при работа и прва помош.

 Времетраењето на програмата е 350 часа  од кои 105 часа теоретска обука, 210 часа се практична обука во реални работни услови и 35 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува во современо опремена училница. Практичната настава ќе се одржи во детски градинки каде во реални услови ќе се запознае со сите работни задачи кои произлегуваат од програмата под менторство на стручни лица.

По завршувањето на секоја тематска целина се врши усна, писмена и/или практична изведба на активности за проверка на постигнатоста на целите од програмата. Учесниците кои со успех ќе ја завршат програмата полагаат завршен испит. Учесникот кој со успех ќе го положи завршниот испит се стекнува со сертификат „Негувател/ка на деца со пречки во развојот“

Резултати од програма

(Mk) Учесникот  по успешното завршување на програмата е оспособен да:
  • планира, организира и изведува работни задачи на негувател/ка на деца самостојно и во тим;
  • ги применува општите знаења за психосоцијалните карактеристики на детето;
  • се грижи за емоционалниот, физичкиот, интелектуалниот и социјалниот развој на детето;
  • применува активности за одржување на хигиената, облекување, играње само и во група;
  • се грижи за здравјето на детето по препораките на родител/старател и стручните лица;
  • го храни детето грижејќи се исхраната да биде урамнотежена, разновидна и здрава по препораките на родител/старател и стручните лица;
  • помага во воспитувањето применувајќи соодветни методи според возраста на деца во рана, предучилишна и училишна возраст;
  • го мотивира детето во стекнување на навики за навременост, точност и исполнителност кон секојдневните активности, рутини и обврските во училиштето;
  • дава основна прва помош
  • се грижи за сопственото здравје
  • применува мерки за заштита при работа и заштита на околината;

Критериуми за влез во програмата

(Mk) Минимум завршено средно образование и возраст од најмалку 18 години и соодветен документ дека е психофизички способен да работи (лекарско уверение).

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 105 30
Пракса 210 60
Оценување 35 10
Вкупен број на часови 350
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support