Опис на програма
Програмата за обука за оваа одговорна и многу хумана работа е со тримесечно времетраење, односно 250 часа т.е. 10 кредити, и опфаќа стручно теоретски содржини во времетраење од 75 часа кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак е со времетраење од 150 часа и се изведува во становите на лица со попреченост, домови и/или институции за сместување на лица со попреченост, специјализирани институции и/или во институции со организиран дневен престој.
По завршувањето на секоја тематска целина се врши усна, писмена и/или практична изведба на активности за проверка на постигнатоста на целите од програмата. Учесниците кои со успех ќе ја завршат програмата полагаат завршен испит.
Учесникот кој со успех ќе го положи завршниот испит се стекнува со сертификат „Негувател/ка на лица со попречености” и ќе се оспособи да ја планира, подготвува и организира сопствената работа самостојно во домот на корисникот и/или под надзор на стручно лице во институции/установи. Задачите ќе ги изведува во согласност со етичките норми и методи за комуникација со лица со попреченост, со примена на основните медицински знаења и вештини за базична нега. Учесникот ќе научи да овозможува психолошка и социјална поддршка, да дава помош и нега во домашни услови и поддршка во секојдневните активности, да користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и исхрана, да применува техники за менување на постелина и облека, како да манипулира при физиолошка потреба, како да применува постапки за користење на уреди и опрема при истата, како треба да работи во тим, да комуницира и да е проактивен во обезбедувањето на услугата како да одржува хигиена и уредност на околината, како да спречува инфекции, да се грижи за квалитетот на извршената работа, да се грижи за безбедноста и здравјето при работа и како да ја заштитува околината.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 75 | 30 |
Пракса | 150 | 60 |
Оценување | 25 | 10 |
Вкупен број на часови | 250 |