Опис на програма
Програмата за обука за Оператор на софтвер за канцелариско работење претставува посебна програма за преквалификација или доквалификација со стекнување посебни знаења, вештини и способности на кандидатите.
Главна цел е учесникот по завршување на обука од програмата да се оспособи за самостојна работа, да прави разлика меѓу системски и апликативен софтвер, да идентификува основни функции на компјутерски делови, да креира и форматира текстови, да се оспособи за манипулација со делови на текст, да се оспособи за креирање и уредување на табела во документ, да применува форматирање на содржина во ќелии, да користи едноставни формули, да може да креира едноставна мултимедијална презентација, да се оспособи за додавање и уредување графички објект во слајд од мултимедијална презентација, да се оспособи за додававање анимации и транзиции во презентација, да се оспособи да изготви целосна презентација со слајдови и да ја искористи за одржување усна презентација,да дористи веб прелистувач и сите негови значајни елементи, да користи електронска пошта за комуникација,-да изработува бизнис план.
Содржините од програмата ќе се реализираат како теоретски и практичен дел и би се завршило со полагање на завршен испит.
Теоретскиот дел е со содржини со кој кандидатите ќе се здобијат со потребните знаења предвидени во содржината на модуларните единици и ќе се реализира во училница опремена за теоретска настава со целосна подршка на интернет мрежа за да се доближат содржините од стручно теоретскиот дел до учесниците, додека со практичниот дел од програмата се предвидува работно-стручно оспособување на кандидатите за практична примена на наученото од областа на компјутерските вештини.
Како начин на реализација на обуката ќе се применуваат современи методи, вербални, демонстрирање, практична работа-вежби, домашнни задачи кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката.
Програмата ќе се реализира со вкупно 68 часа со следниве модули:
-Основи на користење компјутер
-Обработка на текст
-Работа со табели
-Мултимедијални презентации
-Интернет
-Бизнис и претприемништво
По успешно завршување на обуката и положен завршен испит, кандидатите ќе се стекнат со сертификат за работна оспособеност за Оператор на софтвер за канцелариско работење со можност за вертикално напредување во програми од повисоко ниво.
Резултати од програма
- разликува системски и апликативен софтвер;
- креира и форматира текстови;
- манипулира со делови на текст;
- креира и уредува табели во текстуален документ;
- форматира содржина во ќелии;
- користи едноставни формули;
- креира мултимедијални презентации;
- уредува графички објект во слајд;
- додава анимации и транзиции во слајд;
- врши усно презентирање;
- користи веб преслистувач и електронска пошта;
- изработува бизнос план.
Критериуми за влез во програмата
- Завршено најмалку основно образование.
- Да има наполнето најмалку 15 години.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 16 | 21 |
Пракса | 52 | 68 |
Оценување | 8 | 10 |
Вкупен број на часови | 76 |