Опис на програма

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Образовниот систем често соодветно не може да одговори на потребите на невработените и пазарот на трудот и заради тоа е потребна одредена дообука, особено на лица кои се невработени и со понизок степен на образование. Оваа програма на учесниците ќе им обезбеди сигурна работна атмосфера каде отворено и интерактивно со другите учесници секој посебно ќе ги подигне личните и професионални вештини за вработување и градење на понатамошна кариера.

 

Вработувањето е процес кој бара редовно информирање и следење на информациите кои се достапни и кои се насочени да ги упатат невработените во барањето работа. Програмата е поделена во два модула.

 

Модул 1 „Основни лични и професионални вештини“

Овој Модул ќе им овозможи на учесниците да научат и да ги подигнат своите вештини за пишување Писмо за интерес, пишување на лична биографија (ЦВ), како се пишува мотивациско писмо, техники на интервју и вежбање преку преку симулирани интервјуа.

 

Модул 2 „Кариерен план„

Овој модул ќе се осврне на проблематиката што е тоа работа а што кариера, како да се напредува во кариерата, ќе се работи на подобрени комуникациски вештини, способност за слушање и подигнување на нивото на професионалност во работата.

 

Програмата е превидено да трае 30 часа и ќе се одвива со користење на неформални методи и размена на знаења како од обучувачот така и од учесниците.

Со завршувањето на Програмата учесниците ќе бидат поконкурентни на пазарот на трудот.

Резултати од програма

(Mk) Резултати кои ќе бидат постигнати со програмата се: - следење на отворени огласи за работа - изработување на професионална биографија - изработка на мотивациско писмо - себепретставување на интервју - способност да изберат правилни чекори во изборот на нивната кариера - подобрено ниво на комуникациски вештини - разбирање на концептот за тоа што претставува кариера и разлика помеѓу концептот на градење кариера и работа; - подигната самодоверба и разбирање на деловната етика

Критериуми за влез во програмата

(Mk) Кандидатот за ученик во обуката „Основни вештини за вработувањеˮ треба да ги исполнува следните услови:
  • Да има завршено минимум основно образование
  • Да биде со наполнети 15 години

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 12 24
Пракса 32 64
Оценување 6 12
Вкупен број на часови 50
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support