Опис на програма

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Главна цел на програмата да го обучи кандидатот да може активно да се вклучи во процесот на работа  во домашни услови за работни задачи на Патронажна негователка.

Обуката е планирана да се реализира како:

  • дел од здравствена струка;
  • модуларен тип на обука за работно оспособување за болничар во медицинска установа. Составена од два дела:

а. Основниот дел од обуката  се состои од 240 часа распоредени во 6

модули, кој се реализира во училници,простории и кабинети за нега

во установата теоретски и практичен дел.

б. Дополнителниот дел од обуката  се состои од еден месец практична

настава која се реализира во  медицинска установа

     За модул 1, 2 и 3 се организира обука во просторија со нагледни средства , со мулажи и ППП со по еден обучувач, додела за модулите 4,5 и 6 се организира тимска работа од двајца обучувачи за реализација на поставените стручни компетенции на кандидатите. Секој кандидат има свое работно место, групата која се обучува не треба да биде поголема од 20 кандидати. Опремата одговара на потребите за стекнување на поставените цели за да се добијат бараните компетенции. Сите кандидати задолжително треба да присуствуваат најмалку на 80% од часовите на модуларната единица. По завршувањето на секоја модуларна единица обучувачот го оценува кандидатот, вкупниот број на поени од сите модули согласно со  бројот на часови изнесува 40, а по завршениот дополнителен дел од обуката следи практичен испит кој се состои од изведување на практична задача пред комисија  со максимален број на бодови 60. Така да вкупен број на можни  бодови кои можат да се освојат се 100. Сертификат се добива со освоени најмалку 80 бода.

Обуката корелира со други модуларни обуки од здравствен струка по одредени модули, така ако кандидатот има завршено друга обука одредени модули нема потреба да ги реализира.

Резултати од програма

(Mk) Кандидатот е оспособен да:
  • извршува работи и работни задачи како дел од здравствениот тим во согласност со етичките норми;
  • развива основни вештини за комуникација со членови на  семејство во домашни услови;
  • набројува системи, органи во систем и одредува нивна основна топографија, градба и функција;
  • разликува анатомски карактеристики и познава физиолошки особености на новородено, доенче и мало дете;
  • дефинира поим и задачи на патронажна служба;
  • пополнува листа за посета во домот;
  • самостојно изведува постапки за местење, промена на постелнина и облека;
  • набројува, познава и подготвува потребен материјал за лична хигиена и ја спроведува во домашни услови;
  • препознава потреба и спроведува  постапки за превенција од физички неудобности;
  • применува техники за поставување, поместување, завртување, седнување во легло и прошетка во дом;
  • препознава и сигнализира промени во објективни и субјективни знаци;
  • подготвува, спроведува и асистира при активна и пасивна исхрана;
  • идентификува, ракува и превзема потребни постапки со садови за физиолошка потреба и пелени;
  • користи постапки за изведување на физиолошка потреба;
  • применува правилни техники при покачена телесна температура, дијареа, повраќање;
  • спроведува дезинфекција на микрооколина и стерилизација на прибор за исхрана на доенче;
  • користи средства и постапки за заштита и самозаштита;
  • применува постапки при настанување на смрт;

Критериуми за влез во програмата

(Mk) Влез на образовно ниво на кандидатите: 13.1. Основно ниво на образование: завршено основно образование и возраст, најмалку од 15 години. 13.2. Пожелно ниво на образование: завршено средно стручно образование во траење од четири години од здравствена струка. 13.3. Дополнителни барања за кандидатите: здравствена состојба, подготвеност за работа во смени.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 114 47
Пракса 120 50
Оценување 8 3
Вкупен број на часови 242
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support