Опис на програма

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

 

Главната цел на програмата е организирано образование, едукација, усовршување и оспособување на учесниците во програмата за самостојно, правилно и благовремено одлучување, постапување и квалитетно изведување на работните задачи на Ракувач на мостна, портална и конзолна дигалка.

Програмата се состои од 157 часови, теоретски дел од 33 часови, практичен дел од 107 часови и 17 часови за оценување и самоевалуација.

Теоретската настава се реализира во училница со современи наставни помагала со кој учесниците во програмата се здобиваат со потребните знаења предвидени во содржината на тематските целини кои се составен дел од програмата.

Практичната настава се реализира преку демонстрирање на употребата, како и практична примена од страна на учесниците  на мостна, портална и конзолна дигалка на обезбедени локации, магацински простории и простории за товарање и истоварање, обуки за запознавање, управување, ракување и одржување на мостна, портална и конзолна дигалка.

Оценувањето на добиените знаења и вештини на учесниците во програмата се реализира преку испит. Испитот се состои од теоретски и практичен дел.

Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од предметите кои се составен дел од општиот и посебниот дел на програмата за обука.

Практичниот дел од испитот подразбира теренска проверка на стекнатите знаења од ракување на мостна, портална и конзолна дигалка на соодветна локација.

Програма ја спроведува тим на искусни инженери од соодветната област (сообраќај и машинство),  квалификувани со најмалку 5 годишно работно искуство ракувачи на мостна, портална и конзолна дигалка.

По успешно завршување на теоретска и практична настава, обуките и тестирањата, на учесниците ќе им се издаде сертификат за Ракувач на мостна, портална и конзолна дигалка.

По успешно спроведената програмата, лицата ќе се здобијат со сите потребни компетенции, знаења и вештини за извршување на работата Ракувач на мостна, портална и конзолна дигалка. Програмата за Ракувач на мостна, портална и конзолна дигалка е во времетрање од 3 месеци

Резултати од програма

No results found !

Критериуми за влез во програмата

(Mk) Учесниците во програмата да имаат завршено најмалку основно образование

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 33 86400
Пракса 107 86400
Оценување 86400 86400
Вкупен број на часови 140
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support