Опис на програма
Програмата за работно оспособување за СТАКЛОПЛАСТИЧАР – ЛАМИНИРАЧ НА АРМИРАН ПОЛИЕСТЕР се реализира преку вкупно 200 часови, од кои 60% практична настава (120 часа) 30% теоретска настава (60 часа) и 10% проверка на стекнатите знаења (20 часа).
Теоретскиот како и практичниот дел од наставата ќе бидат спроведени од страна на стручни лица со повеќегодишно искуство во дејноста и ќе бидат реализирани во соодветни простории во УНИПЛАСТ БК во Струга.
Времетраењето на обуката е 13 недели и 4 недели практична работа во реални услови на работниот процес на УНИПЛАСТ БК.
Програмата ќе се реализира преку 13 тематски целини, и тоа:
- Полимери – структура, поделба и нивна примена – 3 часа;
- Типови на влакна и нивни карактеристики – 5 часа;
- Типови на смоли и нивни карактеристики со акцент на полиестерски смоли– 5 часа;
- Катализатори, убрзувачи и инхибитори за полиестерски смоли – 3 часа;
- Армиран полиестер, примена и негови карактеристики – 7 часа;
- Сендвич материјали и конструкции – 4 часа;
- Типови на гел-коат и топ-коат и нивни карактеристики – 3 часа;
- Типови на одделивачи и нивни карактеристики – 5 часа;
- Начини на изработка на модел и калап – 6 часа;
- Припрема и одржување на калап – 7 часа;
- Техники на ламинирање со акцент на – hand lay-up – 80 часа;
- Техники на вадење на производот од калап – 7 часа;
- Проверка на квалитет, доработка и техники на репарирање до финален производ – 45 часа;
Целта на програмата е кандидатите да стекнат знаења и вештини да изработуваат финални призводи од армиран полиестер за различна намена (како што се: чамци, резервоари, жардињери, шахти, тобогани и тн.), како и поправка на оштетени производи од армиран полиестер.
Програмата ќе биде реализирана од Дипл. инж. Технолог и ќе биде подложна на внатрешна евалуација.
На крајот на успешно реализираната обука кандидатите ќе се стекнат со сертификат за работна оспособеност за СТАКЛОПЛАСТИЧАР – ЛАМИНИРАЧ НА АРМИРАН ПОЛИЕСТЕР
.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 60 | 30 |
Пракса | 120 | 60 |
Оценување | 20 | 10 |
Вкупен број на часови | 200 |