Опис на програма
Програмата овозможува работно оспособување за Фризер и истата е со времетраење од 200 часа од кои теорија 59 часа, пракса 141 часа. Програмата опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во фризерски салони.
По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи: да организира простор и работа во салон, подготвува клиент, мие и регенерира коса и скалп, потстрижува коса, обликува и фенира, подготвува коса за боење и белење, бои, бели и шатира.
По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит. Учесниците кои со успех ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со Сертификат за Фризер – основен курс по верифицирана програма.
Програмата нуди можност за напредување на повисоко ниво за фризер.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 59 | 30 |
Пракса | 141 | 70 |
Оценување | ||
Вкупен број на часови | 200 |