Опис на програма

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Програмата за шминкер – основен курс содржи стручно-теоретска настава и практична обука. Стручно-теоретската настава се реализира во училница-кабинет ( опремен според правилнкот за стандардите за просторот и опрема.) , а практичната настава во работилница/ кабинет.
Стручно-теоертските содржини ги реализира Лекар со завршени медицински студии, а практичниот дел ликовен педагог со квалификација за шминкер маскер
-При реализација на обуката се користат современи форми и методи, преку презентација, дискусии, и практични изведби со што кандидатите со успех ќе можат ефикасно да се оспособат за занимањето.
Основната цел на програмата е учесникот самостојно да извршува, подготвува и организира работи и работни задачи секаде онаму каде што има потреба од шминкер (козметички салон, телевизија, театар …), рационално да употребува материјали и опрема , да комуницира со корисниците на услугите, да го подготвува клиентот , и самостојно да шминка . Да ги советува клиентите за индивидуална шминка и за изборот на производи и прибор за шминкање, да гарантира за квалитетот на извршените работи и услуги, да ги применува мерките за заштита на здравјето на клиентите и околината.
По завршувањето на програмата се полага завршен испит со што учесникот се здобива со сертификат Шминкер-Основен курс
-Оценувањето се врши преку усна и писмена проверка и проверка на практична изведба, како и преку следењеи вреднување на знаењата и умеењата континуирано во текот на целиот едукативен процес.
-Програмата е со времетраење од 140 часови

Резултати од програма

(Mk) По завршување на обуката учесникот ќе биде оспособен за: организира простор и работа во козметички салон, создава хигиено-технички услови за работа комуницира со клиенти применувајќи принципи на работна култура, подготвува работното место и клиент • анализира лице и кожа • шминка.(моделира лице,очи, веѓи, нос, уста, јагодици согласно техниките за шминкање) • советува клиенти за индивидуална шминка и за изборот на производи и прибор за шминкање. • изведува правилно сите етапи и редоследот во шминкањето. • применува мерки за заштита на здравјето на клиентите и околината во согласност со хигиенско-техничките, противпожарните и другите заштитни мерки.

Критериуми за влез во програмата

(Mk) Учесниците кои ќе ја посетуваат програмата треба да имаат наполнето 18 години и да имаат афинитети и интереси кон оваа професија.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 20
Пракса 98 70
Оценување 14 10
Вкупен број на часови 140
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support