Опис на програма

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Програмата за  занимањето шминкер се темели на стандард на занимање кое се стекнува преку стручно теоретски содржини и практична обука. Содржините од  стручната теорија се реализираат во училница/кабинет и истите се во функционира и практичната обукакоја пак  се изведува во салони за шминкање. Програмата е со 250 часа или тримесечно времетраење.

Прогамата дава можност учесникот во програмата да  ја подготвува, организира и  извршува работи и работни  задачи шминкер, рационално да ги користи материјалите, опремата и времето, да комуницира со корисниците на услугите , да го подготвува клиентот, да шминка,очи, нос, усни, веѓи, обликува јагодици, да приготвува целни  и специјални шминки, да ги  советува клиентите за индивидуална шминка и за изборот на производи и прибор за шминкање, да гарантира за квалитетот на извршените работи и услуги, да користи соодветни информациско-комуникациски средства, да ги развива претприемачките вештини и однесување,  да ги применува мерките за заштита на здравјето на клиентите и околината По успешно завршување на програмата се полага завршен испит  со што учесникот се здобива со сертификат за работна оспособеност за занимањето шминкер по верифицирана програма.

Резултати од програма

(Mk) По завршување на обуката учесникот стекнува знаења и вештини и ќе се оспособи за самостојна работа во салон за шминка или да отвори мал бизнис шминкер. Учесникот ја  планира, организира и извршува работни задачи шминкер во козметички салон, рационалнокористи материјали, опремата и времето, комуницира со корисниците на услугите и ги советува за избор, го подготвува работно место и клиените  за шминкање, избира прибор и средства за шминкање и тоа за целна и  специјална шминка, шминка, очи, нос, усни, обликува јагодици,  советува  клиентите за избор на  шминка, материјали и опрема  за шминкање, применува професионални  производи и прибор за шминкање се грижи за постигнување на квалитет на услугите и одговара за нив, применува мерки за  заштита при работа и заштита на клиентите и работната средина,  познава права од работен однос , основни начела на претприемништвото,  согледува можности да  отвари и  води сопствен бизнис, применува работната етика и морал, тимски работи и доживотно учи и усовршува.Учесникот на крајот од програмата полага завршен испит. Учесникот кој ќе го положи испитот се  стекнува со Сертификат за стручна оспосособеност за занимањето Шминкер по верифицирана програма,  .

Критериуми за влез во програмата

(Mk) Завршено основно образование и возраст над 15 години. Психофизички здрав со добри природни  стекнати и развиени способности, емоционално способен и стабилен, со  афинитет за оваа работа, да има осет за допир, да е спретен, и има чувство за естетика и уредност

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 20
Пракса 70 70
Оценување 10 10
Вкупен број на часови 250
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support