Опис на програма
Програмата овозможува работно оспособување за извршување на занимањето козметичар за нега на лице и тело во алон за козметика. Програмата се темели на стандарди за занимањето кои се постигнуваат преку стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведуваат во салони за козметика. Програмата е со времетраење од 200 часа.
По успешното завршување на програма учесникот ќе се оспособи да изведува разни видови третмани на лице и тело во зависност од видот на кожата на лицето, депилација, шминка, нега на стапалата, педикир и нега на рацете, маникир, да применува професионални препарати, да применува хигиенотехнички мерки за лична и работна хигиена, асепси, антисепси и стерилизации на апарати, опрема, инструментите и приборот за работа козметичар.
По завршувањето на програмата се полага завршен испит, со што учесникот кој со успех ќе го положи испитот се стекнува со сертификат за работна оспособеноста за козматичар за нега на лице и тело по верификувана програма.Програмата дава можност за вертикална проодност за повисоко ниво
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 40 | 20 |
Пракса | 140 | 70 |
Оценување | 20 | 10 |
Вкупен број на часови | 240 |