Опис на програма

Целта на насавата по англиски јазик е да го оспособи учесникот да комуницира на англиски јазик во функција на понатамошното образование и кариера, да ги унапреди јазичните вештини, да обезбеди можности за самообразование земајќи ја предвид важноста на англискиот јазик за вработување и  професинално напредување.
Процесот на учење на англискиот јазик се дели на одреден број на компоненти и тоа: слушање, зборување, читање, пишување, комуникативни модели, граматика, вокабулар и култура.
А1(почетно рамниште) составува прости реченици и одговара на едноставни прашања,разбира едноставни текстови,  учествува во комуникација во која соговорникот зборува полека со јасен, разбирлив изговор.
1.Граматика: обработка на структури со глаголот СУМ, лични заменки, присвојни придавки, множина кај именките, неодреден член, форми за присвојност, форми и структури на сегашно просто време, изрази за количество, базични модални глаголи, обработка на форми за минато време од глаголот СУМ и правилните и неправилните глаголи; бројни и небројни именки, степенување на придавките, показни и односни заменки, структури за сегашно трајно време и за идност, прилози и сегашно сложено време.
2.Слушање со разбирање: вокабулар поврзан со предмети, основни броеви и искажување цени, зборови поврзани со семејството и професии, користење на спротивни придавки, бокабулар за хоби и слободни активности, за домот,хомофони, колокации на именки со глаголи, предлози, празници, храна, места на живеење, облека, делови од тело, време, римување и брзозборки, придавки и прилози.
3.Зборување: се претставува себеси и своето семејство, користи комуникативни изрази за во кафе бар, правилно употребува заменки, искажува точно време, зборува за годишните времиња, дискутира за здрав начин на живот, разговара по телефон, опишува познати личности, дискутира за национални јадења, земји, изложува што сака или не, опишува чуства.
4.Читање: кратки текстови, поздравување, запознавање луѓе, место на живеење, датум за паметење, храна, изглед и животни искуства.
5.Пишување: едноставни содржини, да се опише себеси, краток e-mail и неформално писмо, дескриптивен состав, не многу сложена апликација за работа, правење резервација, пишување разгледница, пишување приказна

Резултати од програма

Резултатите на прогамата произлегуваат од целите и по  успешно завршен модул од програмата учесникот ке биде оспособен да:  усвои базични информции за предвидени општи теми, делумно ја разбере и следи главната идеја на кратка нова информација и може да препознае контекст со значење составено од познати јазични елементи По завршување на овој модул учесникот ке може да разбере и да користи познати секојдневни изрази и најосновни фрази во врска со задоволување на потреби од конкретен тип. Може да се претстави себеси и другите и може да поставува и да одговара на прашања околу лични детали од типот каде живее, кои луѓе ги познава и нештата што ги има. Може да води едноставен разговор под услов соговорникт да зборува бавно и јасно и да е подготвен да помогне.

Критериуми за влез во програмата

Минимум 70% од тестовите и успешно завршени практични задачи.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 10 7
Пракса 58 87
Оценување 4 6
Вкупен број на часови 72
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support