Опис на програма
Курсот содржи материјали кои му помагаат на кандидатот ефикасно да ги совлада одредените теми за изучување. Кандидатот ќе стекне напредно ниво на познавање на англискиот јазик и ќе може лесно да води разговори и да се снаоѓа во дадени ситуации. Се вежбаат и усовршуваат слушање, разбирање, читање и пишување. Материјалот се учи преку теоретски и практичен дел и му дава можност на кандидатот полесно да навлезе во дадената тема. Покрај учебникот се користи ЦД и дополнителни материјали од интернет кои ги подготвува наставникот. Кандидатот често добива и домашни задачи кои подоцна ги прегледува наставникот. По завршувањето на курсот кандидадот добива сертификат за завршен трет степен по англиски јазик.
Резултати од програма
По завршувањето на курсот кандидатот е способен да разбира англиски стандарден говор, лесно да се снаоѓа во дадени ситуации, може да користи комплексни реченици и да разбере сложени текстови. Кандидатот ќе има зголемен вокабулар, ќе може течно да зборува што ќе му овозможи нормална и спонтана интеракција. Тој ќе стекне целосно самодоверба во користењето на јазикот и неговиот речник ќе биде многу побогат што значи дека неговот изразување ќе биде на повисоко ниво. Ќе може да го користи јазикот лесно и флексибилно.
Критериуми за влез во програмата
Нема.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 31 | 48 |
Пракса | 31 | 48 |
Оценување | 2 | 4 |
Вкупен број на часови | 64 |
0 STUDENTS ENROLLED