Опис на програма

Целта на насавата по англиски јазик е да го оспособи учесникот да комуницира на англиски јазик во функција на понатамошното образование и кариера, да ги унапреди јазичните вештини, да обезбеди можности за самообразование земајќи ја предвид важноста на англискиот јазик за вработување и  професинално напредување.
Процесот на учење на англискиот јазик се дели на одреден број на компоненти и тоа: слушање, зборување, читање, пишување, комуникативни модели, граматика, вокабулар и култура.
Ц1(напредно рамниште) со леснотија искажува лични ставови, учествува во долги формални и неформални конверзации и искусии, разбира и пишува долги и сложени текстови, вклучуваќи и  формални академски и професионални документи, лесно следи ТВ, претстави, предавања и презентации,срочува јасен, добро структуриран текст на сложени теми.
1. Граматика: редуцира инфинитив форми; изоставува функционални зборови; консолидира граматички глаголски времиња; активни и пасивни реченични форми; колокации со прилози. 2. Слушање со разбирање: опис на националности; емиграција и миграција; фразални глаголи со метафорично и буквално значење; трендови; споредби; статистика (опис и толкување); синоними и антоними; поговорки; весници и списанија; таблоиди; рима и смисла. 3: Зборување: дискусија за стереотипи поврзани со различни националности; драматизација; пласирање маркетинг кампања; дискусија за улогата на рекламирањето; опис и дискусија во врска со познати личности; зацртана судбина; чувства и емоции. 4: Читање: нашата земја е и ваша; слики; замисли; секогаш подготвен; големи зделки; славни личности; љубов. 5. Пишување: формални и неформални писма; раскажување приказна; деловен (бизнис) извештај; давање соодветни кратки одговори; составување писмо за во весник; опис на лични искуства

Резултати од програма

Резултатите на прогамата произлегуваат од целите и по  успешно завршен модул од програмата учесникот ке биде оспособен да: спонтано, точно и прецизно се изразува користејќи сложени лекички и граматички форми, дава краток и јасен преглед на информации добиени од различни усни или пишани извори, со леснотија разбира скоро се што ќе слушне или прочита. По завршување на овој модул учесникот е подготвен да го користи англискиот  јазик на секое поле, разбира практично се и при говорење лесно може да ги преформулира зборовите и исказите при евентуална  потешкотија без и соговорникот тоа да го примети. Оспособен е да држи презентации, говор или конференција и со соговорници на кои англискиот им е мајчин јазик. Се изразува со висока точност во граматиката и пишувањето.

Критериуми за влез во програмата

Минимум 70% од тестовите и успешно завршени практични задачи.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 10 7
Пракса 58 87
Оценување 4 6
Вкупен број на часови 72
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support