Опис на програма
Програмата има за цел да го оспособи учесникот за самостојно извршување на работи и работни задачи декоративен маникир во салон за декоративен маникир или да се самовработи отварајќи сопствен бизнис. Програмата опфаќа стручно теоретски содржини со вежби кои се реализираат во училницa/ кабинет, и практична обука која се реализира во салон. Програмата е со тримесечно времетраење, односно 210 часа.
По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи за самостојна работа со различни техники за нега раце, масажа на дланки, нега на нокти на раце, декорација и надградба на нокти, да користи професионални апарати и козметички средства и препарати. Учесникот ќе се оспособи да применува хигиенотехнички мерки за лична и работна хигиена, асепси, антисепси и стерилизации, одговорно да ги употребува апаратите, опремата и инструментите за работа.Учесникот ќе ги познава првата и обврските од работен однос, отварање и водење на сопставен бизнис, за деловна усна и писмена комуникација и за тимска работа.
По завршувањето на програмата кандидатот полага завршен испит со што се стекнува со сертификат за работна оспособеност за декоративен Маникир по верифицирана програма.
Програмата дава можност натамошно вертикално напредување во повисоко ниво од занимањето.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 20 | 20 |
Пракса | 70 | 70 |
Оценување | 10 | 10 |
Вкупен број на часови | 210 |