Опис на програма
Целта на програмата е да се оспособат лица не помлади од 17 години да изработуваат, монтираат и сервисираат градежна столарија.
Програмата ќе се реализира во просториите на Работнички универзитет „Јоска Свештарот“ Струмица, а практичната обука ќе се реализира во столарски работилници кои произведуваат градежна столарија од дрво, ПВЦ и алуминиум, со претходно склучен договор за соработка. Период од еден месец посетителите ќе реализираат практична работа во столарски работилници за производство на градежна столарија (дрво, ПВЦ и алуминиум).
Програмата содржи вкупно 220 часови од кои 70 теоретска настава, 140 практична настава и 10 часа проверка на компетенциите. Теоретската настава и писмените проверки на знаења ќе се реализираат во РУ „Јоска Свештарот“ Струмица, додека практичниот дел ќе се спроведува во столарски работилници, со кои РУ склучува договор за соработка.
Програмата е наменета за работоспособни лица со завршено минимум основно образование, не помлади од 17 години, кои сакаат да се појават или веќе се на пазарот на труд, со афинитети кон столарството. Бројот на една група кандидати, зависи од просторните можности, но се препорачува да не изнесува повеќе од 12 учесници. Можни се повеќе групи, имајќи предвид дека е можна реализација на програмата во повеќе работни смени во текот на денот.
Програмата ќе биде организирана во 6 модули и по секој модул ќе се врши проверка на стекнатите знаења и вештини преку писмен тест и практична демонстрација. По завршувањето на програмата ќе биде спроведен завршен испит пред тричлена комисија, по чие успешно полагање се издава сертификат за работно оспособување за занимањето Изработувач и монтажер на градежна столарија.
Во наставата ќе бидат применети следните методи: предавања, дискусии во групи, набљудување, истражување/откривање, учење насочено кон решавање проблеми, практична настава во столарски работилници. Дел од наставата и содржината на програмата ќе бидат ставени на портал за електронско учење (elektronskoucenje.mk). Програмата ќе биде реализирана од Дипл инженер за дрвна индустрија и столар/столар мајстор со долгогодишно работно искуство.
Програмата ќе биде подложна на внатрешна евалуација. Ќе бидат спроведени две анкети: една на почетокот и една на крајот од програмата. Анкетите ќе бидат спроведени во форма на писмени прашалници кои ќе бидат сместени и онлајн, а на крајот ќе биде изготвен финален извештај од резултатите на анкетите. За целите на евалуацијата ќе биде ангажирана канцеларија/агенција со искуство во изготвување на алатки за внатрешна евалуација.
Резултати од програма
- чита едноставно изведувачки цртежи, скици и опис на работите од областа на занимањето
- утврдува работни чекори, средства и методи на работа во зависност од примената на суровините и помошни материјали
- планира подготвува и изведува работи и врши проверка на квалитетот на извршените работи
- прима, класифицира и складира материјал за работа
- одржува техничка исправност на алатите, машините и приборот за работа.
- ги познава и ракува со алатите, машините и уредите за изработка, монтажа, сервисирање на градежна столарија
- ракува со класични или нумерички управувани машини за изработка на градежна столарија
- површински ја обработува градежната столарија
- рационално ги користи средствата за работа, енергијата, материјалите и времето
- подготвува профили за кроење
- врши дупчење на елементите
- изработува профили на елементите и едноставни шаблони и модели
- избира конструктивни елементи за составување
- го контролира квалитетот на обработените елементи
- изработува и монтира производи
- ја поправа и одржува столаријата
- подготвува дневни извештаи за производите и прави основни сметки за чинење на производот
- пакува, складира и транспортира елементи или готови производи
- почитува принципи на естетика и обликување на производите (дрво, пластика и алуминиум)
- вградува изолациони материјали во прозорите и вратите за топлотна, звучна и хидро заштита
- обработува (сечи, дупчи, обликува, моделира штрафи, кова суровини и помошни материјали
- ги почитува ХТЗ и ППЗ стандардите
Критериуми за влез во програмата
- да имаат завршено основно образование
- да бидат државјани на Р. Македонија
- да не бидат помлади од 17 години
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 70 | 30 |
Пракса | 140 | 65 |
Оценување | 10 | 5 |
Вкупен број на часови | 220 |