Опис на програма
Програмата е насочена кон стекнување на вештини за градење на односи и комуникација, во и надвор од организацијата, преку идентификување на чекорите во градењето односи и препознавање на стиловите во работењето и комуникацијата
Темите се поддржани со практични алатки за идентификување на факторите и фазите за градење на интерзонални односи, улогата на раководителот во идентификување на типовите и стиловите на личноста за комуникација , начините за внатрешна и надворешна комуникација и техниките на градење и раководење на тимот.
Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за градење на односи и ефективна комуникација во извршување на задачите.
Времетраењето на програмата е 24 училишни часа. Теоретска настава се состои од интерактивни методи за учење на возрасните. Наставната содржина е ориентирана според интелектуалните способности и потреби на учесниците. Практичната обука се состои од активности на учесникот, организирани во тестови и вежби, презентација на успешни практики, индивидуална и групна работа и пополнување на обрасците за планирање на продажбата и 5 акции за ширење на бизнисот
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршување на теоретскиот, со писмен тест и завршен испит за практичниот дел. После положениот завршен испит учесникот се стекнува со сертификат за Вештини за градење на Интеперсонални односи и комуникација со тим.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 12 | 50 |
Пракса | 8 | 33 |
Оценување | 4 | 17 |
Вкупен број на часови | 24 |