Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне компетенции за примена на основните техники на угостителското послужување како и правилно користење на опремата и инвентарот за послужување.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат за келнер .
Времетраењето на програмата е 360 часа од кои 40 часа се стручна теорија, 310 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањено.
Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците а практичниот дел ќе се изведува во текот на целата недела. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на професор а практичната обука во рамките на компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен ментор вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Келнер“. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата.

Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за угостителско послужување (Напреден курс и Специјализиран курс).

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: - планира, подготвува и изведува работи во угостителските објекти; - врши проверка на квалитетот на извршената работа; - организира и сервира ресторанска маса за вечера или ручек по избор од листата на јадења или по утврдено мени; - користи опрема и инвентар потребен при послужувањето на јадењата и пијалаците; - применува во практика правила при послужување на специјални јадења во ресторанот; - применува во практика правила при послужување на различни видови дневни оброци; - послужува јадења и пијалаци при банкетското послужување; - применува правила за сервирање на маси за свадба; - презентира гастрономски правила пред гостинот; - применува прописи за заштита при работа и заштита на животната средина. - издава и наплатува сметка за извршената услуга

Критериуми за влез во програмата

Учесникот да има завршено најмалку основно образование Возраст над 15 години, и да ги поседува следните особини: - психофички здрав, - да има наод од брис со дозвола за работа во угостителски објект.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 72 20
Пракса 252 70
Оценување 36 10
Вкупен број на часови 360
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support