Опис на програма
Главната цел на програмата е кандидатите да се стекнат со знаење, вештини и компетенции потребни за занимањето Козметичар. Програмата е составена од четири тематски целини и практичен дел, кои ќе му помогнат на учесникот да стекне знаење и вештини потребни за извршување активностите поврзани со работното место Козметичар. Според наставниот план обуката трае 200 часа, односно времетраење од 10 недели, во кои се застапени теоретски предавања но во голема мера се обрнува внимание на практични вежби од областа. Програмата има за цел да обучи соодветен кадар кој ќе може да се вклучи во работата на веќе постоечки козметички салон, а не започнување на сопствен бизнис. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за работна оспособеност за програмата Козметичар.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 40 | 20 |
Пракса | 140 | 70 |
Оценување | 20 | 10 |
Вкупен број на часови | 200 |