Опис на програма

Основната цел на програмата козметичар за нега на лице и тело е стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката и нивно самостојно работење во дејноста. Содржините од теоретскиот дел од програмата ќе се реализираат во училница – кабинет во просториите на Отворениот граѓански универзитет, а практичниот дел ќе се реализира во опремен козметички салон. Програмата содржи 240 часа и истата ќе се реализира во четири месеци. Самата програма е прилагодена според изготвен стандард на занимање
Обуката ќе се реализира преку форми на предавање, дискусии во група, демонстрирање и набљудување со коментари и анализи, вежбање, користење на претходно стекнати знаења и практични методи меѓусебни изведби кај самите учесници во групата.
После секоја тематска целина ќе има проверка на знаењето преку усна проверка, писмена проверка и практична изведба а на крајот од програмата завршен испит и по успешно совладување на материјата учесникот ќе се стекне со сертификат за козметичар за нега на лице и тело.
За реализирање на програмата ќе биде ангажирано лице со завршени студии по медицина и мајстор – козметичар со најмалку пет години работно искуство во занимањето козметичар.
Програмата дава можност за хоризонтална проодност учесникот да може да премине и во друга сродна образовна програма (пр, маникир и поедикир) и вертикална проодност напредување во програми од повисоко нивно од занимањето

Резултати од програма

По завршувањето на теоретската и практичната обука учесникот се стекнува со знаење и вештини да; -Подготвува,организира и извршува работни задачи -Рационално користи материјали,опрема и време -Комуницира со корисниците на услуги и со деловни партнери -Подготвува работна документација со користење на информатичка технологија -Комуницира со деловни партнери,клиенти и соработници применувајќи ги принципите на работна култура -Ја познава анатомијата и физиологијата на кожата -Избира козметички третман според состојбата на кожата на лицето -Избира препарати за нега и декорација на кожа на лице според типот на кожата -Спроведува декоративни третмани на лицето (шминкање, третмани на веѓи и трепки) --Изведува депилирање на тело - Применува релаксирачка масажа на тело -Подготвува работно место и клиент за козметички третмани на лице и тело -Избира препарати за нега и декорација на кожа на лице според типот на кожата -Го гарантира квалитетот на работата и работи во согласност со професионалната етика -Советува за избор и примена на козметички препарати за секојдневна нега на кожата -Подготвува и издава потребна документација за извршените услуги на клиентот и прави пресметка за извршена услуга -Применува мерки за заштита на здравјето на клиентите и околината, во согласност со хигиенско-технички, противпожарни и други заштитни мерки

Критериуми за влез во програмата

Оваа програма е наменета за сите лица кои имаат желба да се занимаваат со козметика и да имаат завршено најмалку основно образование и не помлади од 17 години

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 21 21
Пракса 171 71
Оценување 19 8
Вкупен број на часови 240
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support