Опис на програма
Програмата за персонална асистенција на лица со попреченост има за цел да придонесе за независно и самостојно живеење на лицата со попреченост и нивно активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина.
Персоналната асистенција на лица со попреченост е услуга од социјална заштита, преку која се обезбедува поддршка на лицето со попреченост во неговото осамостојување, согласно неговите индивидуални потреби.
Персоналната асистенцијата треба да биде прилагодена на личните и поединечни потреби на корисникот, кој одлучува кои активности ќе ги делегира и на кого, така што ќе му овозможи да живеe во помалку ограничена околина, односно му овозможува слобода на избор и независно раководење на личниот живот со цел да ја компензираат својата попреченост, делегирајќи ги своите задачи на други лица.
Оваа програма опфаќа стручно-теоретски содржини во времетраење од 84 часа кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак е со времетраење од 132 часа и се изведува во становите на лица со посебни потреби, домови и/или институции за сместување на лица со посебни потреби, специјализирани институции и/или во институции со организиран дневен престој.
Самата програма е составена од 4 области/ модули:
1.Основни познавања на видовите на попреченост видови на помагала и нивна примена
- Помош на работното место, образовниот процес и во заедницата
- Помош во домот на корисникот
- Комуникација
Учесникот во програмата ќе се оспособи да ја планира, подготвува и организира сопствената работа самостојно во домот на корисникот и/или под надзор на стручно лице во институции/установи.
Задачите ќе ги изведува во согласност со етичките норми и методи за комуникација со лица со посебни потреби, со примена на основните медицински знаења и вештини за базична нега. Учесникот ќе научи да овозможува психолошка и социјална поддршка, поддршка во секојдневните активности и да дава помош и нега во домашни услови, да користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и исхрана, да применува техники за менување на постелина и облека, како да манипулира при физиолошка потреба, како да применува постапки за користење на уреди и опрема при истата, како треба да работи во тим, да комуницира и да е проактивен во обезбедувањето на услугата, како да одржува хигиена и уредност на околината, како да спречува инфекции, да се грижи за квалитетот на извршената работа, да се грижи за безбедноста и здравјето при работа и како да ја заштитува околината
Резултати од програма
- Применува основни знаења на видовите на попреченост
- Применува знаења за ориентација во простор,
- Применува знаења за управување со инвалидска количка и други помагала/одалка/бастун/штаки и др. Ортопедски помагала
- Помага во употреба на сите асистивни уреди и помагала при користење на компјутер
- Препознава пречки и изнаоѓа начини за соодветно постапување согласно различни ситуации
- Правилно употребува материјал за лична хигиена
- Спроведува техники за одржување на лична хигиена на корисниците
- Помага во секојдневна рутина на корисници (облекување, капење, земање оброци)
- Помага при физиолошки потреби, помага за време на нивно извршување земајќи го во предвид достоинството на корисникот
- Ја запознава дневната агенда и распоредот на активности на корисникот.
- Креира плански активности во соработка со корисникот.
- Обезбедува безбеден транспорт до образовната институција или работните простории.
- Го преместува корисникот во работната просторија и обезбедува најпријатна положба.
- Партиципира во обезбедување на успешна реализација на образовните/работните задачи и активности.
- Помага при извршување на физиолошките потреби во простории надвор од домот.
- Асистира во користење на посебна технологија наменета за лица со попреченост.
- Обезбедува персонални начини на комуникација (читање на текстови, книги, стручна литература, весници и др. литература избрана од корисникот)
- Комуницира преку различни информации и комуникациска технологија на барање на корисникот.
- Пренесува информации до и од околината на барање на корисникот.
- Помага при користење на градски или сопствен превоз (бутка количка, придржува дубак, отвара и затвора врата)
- Внимава на безбедноста на клиентот во опкружувањето.
- Го придружува корисникот при користење на терапевтски и здравствени услуги.
- Го придружува корисникот при одење на рекреативни, забавни, културно-образовни, спортски активности и настани.
- Интерпретира и пренесува информации на корисникот врз основа на визуелен материјал.
- Зборува јасно и покажува позитивна невербална комуникација со корисниците на нега, семејствата, соработниците и претпоставените (тимот);
- Комуницира со лицата на кои им дава поддршка согласно нивниот јазик, култура, сетилни потреби и желби
- Идентификува и презема чекори за намалување на пречките во комуникацијата
- Јасно и концизно ја заведува состојбата во евиденцијата
- Се грижи за безбедноста и доверливоста на информациите според договорениот и утврден начин на работа
- обезбедува грижа со чувствителност и позитивен став
- Постапува професионално во согласност со етичкиот кодекс? и пружа услуги со почит и сензитивност кон корисниците.
- Не дискриминира, превенира и пријавува ситуации на дискриминација.
- Разликува митови и стереотипи за лицата со попреченост од вистинскиот начин на живот.
- Употребува соодветен речник и внимава на тонот при комуникацијата со корисникот.
- Разликува соодветни од несоодветни термини за лицата со попреченост и внимава да не се користат несоодветни термини.
- Внимава на кучињата- водичи на корисникот.
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 74 | 30 |
Пракса | 121 | 60 |
Оценување | 21 | 10 |
Вкупен број на часови | 216 |