Опис на програма
Програмата за обука Неговател/ка на стари лица претставува посебна прогарма за преквалификација или доквалификација со стекнување посебни знаења, вештини и способности на кандидатите за давање на услуги во здравствени и домашни установи на стари лица кои поради возраст, хронични болести и други причини се во состојба на изнемоштеност и неможност да се грижат за себе.
Посебната програма опфаќа теоретски и практичен дел кој ќе се реализира во вкупно 240 единици за обука (една единица е еквивалент на еден наставен час).
Теоретскиот дел содржи општ и посебен дел со кој кандидатот се здобива со потребни знаења предвидени во содржината на предметите.
Со практичниот дел од програмата се предвидува стручно-работно оспособување на кандидатите за пружење на соодветна нега и помош на старите лица при физиолошки постапки, исхрана, декубитални повреди,лична нега, мерење на витални знаци и хигиена во здравствени и домашни установи како и самостојно изведување на работните задачи и визуелна контрола.
Резултати од програма
- Реципиентот познава за основи и етички начела во геронтологија, процесот на стареење и однос негувателка стари лица
- познава, подготвува материјал и применува техники за утринска тоалета,миење и бањање на стари лица,местење на кревети кај изнемоштени и неподвижни лица како и менување на болничка постела и болничка облека
- Учевствува во палиетивната нега при заболување
- (со цел спречување на интрахоспитални инфекции)
- забележува појава на физички неудобности кај пациентот
- применува превентивни мерки кај декубитус, тромбоза,несвестица и контрактури
- препознава симптоми и принципи на палијативната нега
- применува правилен транспорт на лицата во зависност од нивната здравствена состојба,
- асистира при спроведување на имобилизација и транспорт на стари лица
- познава на принцип за правилна реанимација на стари лица,асистира при спроведување на реанимациона постапка кај стари лица
- ги познава целите на физикалната терапија и учевствува во транспорт на стари лица до соодветен центар каде се реализира физикална терапија да ги идентификува потребите на старите лица од потребата на физикалниот третман
- дефинира и забележува знаци на нарушени витални функции,учевствува во нотирање на витални параметри
- го познава значењето од природна и здрава исхрана
- познава диеталната исхрана и диетотерапијата
- идентификува видови на диети
- применува техника на исхрана на болни кои се хранат со вештачка исхрана асистира при спроведување на вештачка исхрана на стари лица
- идентификува облици на лекови препознава облици на лекови
- познава апликација на инсулинска терапија
- терапија
- учествува во организација на предавања, трибини од разни области почитувајки го одмор и разонода на старите лица
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 70 | 29 |
Пракса | 124 | 59 |
Оценување | 46 | 19 |
Вкупен број на часови | 240 |