Опис на програма

Преку програмата претприемачки вештини, се добиваат практични алатки кои се потребни за успешно водење на бизнисот. Оваа се остварува без оглед на фактот дали се: изградува сопствен бизнис од почеток, вложуваат финансиски средства во деловни потфати, остварува заработка од бизнис вложување и активност. Во сите овие состојби претприемачките вештини и знаења се клучни за остварување на амбициите. Преку едукацијата се добиваат реални ресурси за водење на комплетниот циклус во развој на компанијата. Се тргнува од почеток: разработка на почетната идеја, примена на потребните технологии и истражувања па се до креација на акциона страгегија, маркетинг и продажни активности, партнери и инвестиции и менаџирање со компаниските ресурси. Со зголемување на перформансите на компанијата а со тоа и нејзината профитабилност, се зголемува потребата за брзи прилагодувања на пазарот. Затоа се потребни деловни инструменти и вештини за реагирање кон промените со цел да се контролира растот на компанијата. Едукацијата преку оваа програма на учесниците им овозможува: започнување и водење на сопствен бизнис, претприемачки и деловни вештини, маркетинг и организација на маркетингот, продажбата и организација на продажбата, финансии и инвестиции, планирање на менаџментот и организацијата на луѓето во колективот, водење на проекти, развој на лични вештини (преговарање, лидерство, правилно донесување на одлуки во деловното опкружување), употреба на компјутерската технологија и странски јазик во деловна насока. Преку стекнатите знаења учесниците со своите деловни вештини се вклопуваат во било кој работен колектив или пак започнуваат сопствен бизнис. Во наставата која непосредно се применува за реализација на програмата се користат активните методи за учење на возрасните. Наставата и наставната содржина е ориентирана според интелектуалните способности и потреби на учесниците. Во наставата се користат сите современи нагледни и едукативни средства преку кои се постигнуваат потребните резултати.

Резултати од програма

Учесниците преку целата програма  глобално се стекнуваат со можност за комбинација на едукативни компоненти кои се вклучени низ целиот процес кои генерално можат да се поделат на три основни форми и тоа:
  1. Стекнување на техничка експертиза потребна за раководење со организацијата, контролирање на финансии и сметководство, раководење со човечки ресурси и менаџирање на операции и микроекономија.
  2. Оспособување за примена на научни техники при донесување на профитабилни одлуки како што се: оптимизација, симулација, идентификација на избор, формализација на постапки и спецификација на ограничувања.
  3. Совладување на техники на убедување, преговарање и мотивација.
Глобални вештини кои се стекнуваат преку оваа едукација се:
  • Водење и планирање на организацијата,
  • Водење и организирање на тимови,
  • Лидерство,
  • Водење на проекти,
  • Кризен менаџмент и менаџирање со ризик,
  • Финансии,
  • Маркетинг и продажни вештини,
  • Менаџерски деловни вештини,
  • Менаџирање со информациони системи во сите подрачја на организационото функционирање.
Резултатите од првиот модул, Претприемач, претприемнички компетенции и претприемнички процес можат да се интерпретираат како:
  • Запознавање со деловната документација,
  • Основи на претприемништво и претприемнички компетенции,
  • Запознавање со претприемничкиот процес,
  • Дефинирање на видови деловни потфати,
  • Примена на начини за создавање на бизнис идеја,
  • Значењето на креативноста и иновацијата за организацијата и нивната примена,  
  • Запознавање со основи на лидерството,
  • Запознавање со основи на корпоративно претприемништво,
  • Дефинирање и објаснување на карактеристиките на претприемачот. Резултатите од вториот модул, Претприемач и околина можат да се  интерпретираат како:
    • Запознавање со структурата и дизајнот на компанијата,
    • Примена на начините на управување со односите помеѓу клиентите,
    • Запознавање со правните аспекти на деловниот потфат,
    • Запознавање со постапка за изработка на бизнис план,
    • Запознавање со начини за создавање стратегија за влез на пазарот,
    • Поддршка во развој на претприемништвото.
    Резултатите од третиот модул, Финансиска писменост, можат да се интерпретираат како:
    • Запознавање со основите за финансирање на деловниот потфат,
    • Начин на контролирање на трошоците,
    • Запознавање со основи на сметководство.
    Резултатите од четвртиот модул, Менаџерски вештини, можат да се интерпретираат како:
    • Запознавање со основи на менаџментот,
    • Дефинирање на функциите на менаџментот,
    • Запознавање со животниот циклус на компаниите.
    • Запознавање со процесот на менаџирање со проекти,
    Запознавање со основите на менаџирање со човечки ресурси

Критериуми за влез во програмата

Учесниците да ги исполнуваат условите во поглед на претходното задолжително образование и други лица кои се образуваат, а немаат статус на ученик. Учесниците потребно е да се психофизички здрави, емоционално способни и стабилни, да имаат желба за учење на претприемништвото и претприемачките вештини.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 90 60
Пракса 35 30
Оценување 19 10
Вкупен број на часови 144
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support