Опис на програма
Програмата„Претприемништво“на учесниците им овозможува развивање на претприемачкиот дух, иновативното размислување и иницијативноста преку проширување на знаењата и здобивање на вештини од областа на претприемништвото и бизнисот.Програмата „Претприемништво“ е поделена на три модули.
Првиот модул се однесува на претприемништвото и претприемачкоит процес. Овој модул е поделен на шест теми, и тоа на 1. Претприемачки процес, 2. Што е претприемач? 3. Развивање на бизнис идеја 4.Развивање бизнис модел 5.Подготовка на бизнис план и 6.Менаџирање со претпријатието.
Учеснициоте во обуката според овој модул,ќе развијат способности за разбирање на претприемништвотои претприемачкиот процес и светот на бизнисот од аспект на идентификување на сопствена бизнис идеја.
Вториот модул од програмата „Претприемништво“ се однесува на бизнис аспекти на претприемништвото од каде учесниците ќе можат да ги научат основните поими и категории на бизнисот. Тие ќе им помогнат полесно да ја осознааат економската позадина на претприемништвото и да бидат во можност да даваат економска оценка на потенцијалниот бизнис модел и бизнис идеја.Овој модул е поделен на четири теми, и тоа: 1. Претпријатие и форми на претпријатија, 2. Капитал и извори на капитал 3. Трошоци и 4. Маркетинг.
Третиот модул се однесува на „Изработка на бизнис план“. Преку овој модул, кој има практичен карактер учесниците ќе можат заедно со советодавната улога на тренерот да изработат бизнис план на сопствена бизнис идеја која произлегува од нивните стекнати искуства, вештини, способности, знаења, афинитети, можности итн.
Учесниците преку програмата „Претприемништво“ ќе ги развијаткомпетенциите за иницијативност, независност, упорност, креативност, иновативност, самодоверба, тимска работа, како и основни бизнис вештини од областа на менаџментот, маркетингот, финансиската писменост и др.Програмата „Претприемништво“ че се реализира со вкупно 45 часови. а еден час да не трае подолго од шеесет минути.
Стекнатите знаења, вештини и способности ќе им овозможат на учесниците да развијат претприемачка иницијатива за отпочнување на сопствен бизнис и нивно самовработување.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 51 | 51 |
Пракса | 20 | 44 |
Оценување | 2 | 5 |
Вкупен број на часови | 45 |