Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за управување со  виљушкар пренос и преместување на различни видови стоки, правилно користење на опремата на работното место и поттикнување на кандидатите за самообразование и развивање на креативноста.

Програмата се темели на стандардите за занимањето кои се постигнуваат преку стручно теоретски содржини и практична обука во времетраење од 130 часа, и води до стекнување сертификат „Ракувач на виљушкар”.

Дел од содржините од  стручната теорија се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак се изведува во работилница со соодветен простор за изведување а обуката.

Програмата по тематските целини е ориентирана кон стекнување на практични вештини и знаења. Оттука произлегува да одредени стручно теоретските содржини бидат споени со практичната обука.

Учесници во програмта се лица над 18 години, со завршено минимум основно образование и положена возачки испит за Б категорија.

По успешното завршување на програмата учесникот во програмата ќе се оспособи за самостојна работа да планира, организира и ракува со различни видови виљушкари и рационално да ги користи опремата и вемето. Ќе  ги чита ознаките на стоката, ќе применува средства за зашита при работа, ќе развива правилен однос и грижа за сопственото здравје и  здравјето и безбедноста на други лица, ќе развива правилен однос кон машините , алатите и опремата. Ќе има вештини  за стручна и правилна припрема за ракување со виљушкарот, ќе работи одговорно и прецизно, ќе манипулира со разни видови стока, превентивно ќе го одржува виљушкарот во исправна состојба.

По успешно завршување на програмата се полага завршен испит  со положување на испитот учесникот се здобива со сертификат.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува во текот и на крајот  на реализираната програма.

Резултати од програма

Учесникот  по успешното завршување на програмата работно ќе се оспособи за занимањето  Ракувач со виљушкар односно ќе се оспособи: - самостојно да jа организира својата работа во соработка со претпоставените и да ја подготвува  работата и работното место, -да ги познава видовите виљушкари, нивните мерни инструменти и конролни уреди; -да управува со  моторните и со електричните виљушкари, -да преместува разни видови товар, - да го препознава капацитетот на подигање на виљушкарот; -да ги познава својствата на материјалите што ги транспортира; - да го одржува вилушкарот и приклучната механизација во исправна состојба, - да ја контролира состојбата на виљушкарот, -да врши визуелна контрола  на стоката при преземање и при издавање.   Учесникот ќе може целокупната работа и работни задачи да ги извршува согласно правилата и прописите на внатрешниот транспорт и правилата и прописите за заштита на работната и животната средина од материјалите што ги транспортира.

Критериуми за влез во програмата

Учесниците треба: -да имат положено возачки испит за Б категорија -да имат завршено најмалку основно образование -да не бидат помлади од 18 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 26 20
Пракса 85 65
Оценување 19 15
Вкупен број на часови 129
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support