Опис на програма

– Програмата е наменета за лица кои сакаат да се стекнат со познавања од сметководство кои во иднина ќе им овозможи полесно вклучување на пазарот на трудот. Програмата се состои од повеќе теми, вкупно 8, во кои е опфатена и практична работа во книговодствено биро. Темите се поделени во 3 модули. Преку оваа програма учесникот се стекнува со знаења, вештини и компетенции кои претставуваат основа за изведување на дејноста, службеник во книговодство,  но и основа за понатамошно проширување на знањата од областа на сметководството. Самостојното работење како вештина се имплеметнира низ целата програмата што претставува и основна цел на истата. Со оваа програма, учесниците се оспособуваат за самостојна работа со стекнати вештини, знаења и компетенции во областа службеник во книговодство а со тоа и подобар настап на пазарот на трудот. Бројот на часови е одреден според потребите на учесниците за стекнување на знаења и истиот изнесува: 63 часа за теоретска настава, 126 часа за практична едукација со компјутерски софтвери примери од практиката и 21 час за оценување и проверка на знаењето. По успешно завршената програма и позитивната оценка на завршниот испит учесниците добиваат Сертификат за програмата Службеник во книговодство.

Резултати од програма

По завршувањето на програмата секој од учесниците ќе биде подготвен да: • Ги разликува и применува информациите од сметководствените извештаи кои се наменети за деловните субјекти, • Знае што претставува капитал во компанијата и каква е неговата поделба и намена, • Знае да извршува пресметки кои се потребни за сметководствената евиденција, • Ја познава евиденцијата на: средствата, изворите на средства, приходи, расходи и паричните текови, • Изработува калулации и врши пресметка за потребите на сметководствената евиденција во доменот на материјално и финансиско книговодство, • Знае да го користи контниот план, • Знае да изврши контирање на сметководствени настани, • Знае да работи со сметководствен софтвер, • Знае да изготвува финансиски извештаи. • Знае да евидентира пресметка и распределба на финансиски резултат, • Знае да ја применува законската регулатива и стандарди кои се користат во нашата држава согласно законските прописи. • Знае да ги применува сметководствените принципи и правила

Критериуми за влез во програмата

Учесниците да ги исполнуваат условите во поглед на претходното задолжително образование и други лица кои се образуваат, а немаат статус на ученик. Учесниците потребно е да се психофизички здрави, емоционално способни и стабилни, да имаат желба за учење на сметководство. Учесниците да имаат завршено средно образование и да се постари од 15 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 63 30
Пракса 126 60
Оценување 21 10
Вкупен број на часови 210
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support