Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции кои ќе му овозможат работно оспособување за занимањето Службеник во книговодство.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Службеник во книговодство“.

Времетраењето на програмата е 350 часа од кои 105 часа теоретска обука, 210 часа се практична обука во реални работни услови и 35 часа се наменети за оценувањето. Теоретската обука ќе се реализира во училница/кабинет, а практичната обука се одвива во простории опремени за реализација на обуката преку практични вежби од книговодствени работи. Практичната обука се реализира преку реални вежби од: работа на документација од трговски друштва  кои се занимаваат со производство и трговија; набавка и продажба на стока и услуги и сите промени што овозможува учесникот административно за време на обуката да прати и операционализира промени во потребни книговодствени процеси почитувајќи ја законската регулатива, да соработува  со останатите вработени и тимот,  деловните партнери, институциите и/или клиентите со кои ќе разменува информации важни за ефикасно  извршувањето на работата, и ќе биде овозможена  квалитетна комуникација со клиентите и деловните партнери, заштита на работната и животната околина.

Вреднувањето на постигањата на учесникот се спроведува по завршувањето на реализацијата на теоретскиот дел преку проверка на знаење, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат и стекнатите вештини и компетенции.

По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит и се стекнува со сертификат „Службеник во книговодство“.

Резултати од програма

Учесникот  по успешното завршување на програмата е оспособен да:
  • изведува работи од сметководственото работење во трговски друштва од производна и трговска дејност;
  • планира, организира и контролира активности од сметководствената работа;
  • користи информатички систем за сметководство;
  • евидентира сметководствени настани врз основа на влезна и излезна документација;
  • води деловни книги и пресметковни работи за трошоците;
  • ликвидира влезни и излезни документи;
  • изготвува финансиски извештаи основнo ниво;
  • доставува информации за интерна и екстерна контрола и интени и екстерни корисници;
  • почитува и применува пропишана законска регулатива и стандарди;
  • работи тимски и користи средствата за работа;
  • се грижи за сопственото здравје, здравјето на клиентите и околината.

Критериуми за влез во програмата

Минимум завршено средно образование

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 105 30
Пракса 210 60
Оценување 35 10
Вкупен број на часови 350
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support