Опис на програма
Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетемции кои ќе му овозможат работно оспособување за занимањето Сметководствен службеник во банкарски сектор.
Времетраењето на програмата е 180 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби. По завршување на секоја тематска единица учесниците ќе имаат дел и за оценување на нивното стекнато знаење. Материјата ќе се соовлада преку шест (6) тематски единици
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Сметководствен службеник во банкарски сектор“
Теоретската и практичната обука ќе се реализира во училница/кабинет, во простории опремени со информатичка технологија. Реализацијата на обуката преку практични вежби од банкарски работи, ќе се одвива преку реални вежби, обработка на секојдневни банкарски работи, почитувајќи ја законската регулатива и банкарските политики и принципи, и сорабутувајќи со останатите вработени и клиенти со кои ќе разменува информации важни за ефикасно извршување на работата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесникот се спроведува по завршувањето на реализацијата на теоретскиот дел преку проверка на знаење, а по завршување на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат и стекнат вештини и компетенции.
По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит и се стекнува со сертификат „Сметководствен службеник во банкарски сектор”.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 104 | 58 |
Пракса | 70 | 39 |
Оценување | 6 | 3 |
Вкупен број на часови | 180 |