Опис на програма
Главната цел на програмата е кандидатите да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за работа при изведба на фасадни и внатрешни ѕидови. Програмата нуди комплетна обука за изработка и припрема на сите видови малтер; изработка на фасади со современи материјали и поправка на дотраени и оштетени фасади. Големо внимание во програмата е посветено на едукација за термичката и звучна изолација при изработката на фасадите и внатрешните ѕидови како и обука за енергетската ефикасност на објектите. На крајот на успешно реализираната обука кандидатите ќе се стекнат со сертификат за работна оспособеност за фасадер. Во програмата ќе се вклучат кандидати со завршено средно образование. Обуката ќе се состои од два дела, теоретски предавања и практична работа, во траење од 250 училишни часа.
Резултати од програма
- подготвува простор за изведба на фасадерски работи
- испитува подлога за нанесување фасада
- подготвува подлога за фасада
- изведува класична фасада
- изведува термоизолациски фасаден систем
- изведува фасадно цокле
- води и чува потребна документација
- контролира квалитет на изведба на фасада
- комуницира со соработници, надзорен орган и инвеститор
- одржува алати и машини за изведба на фасадерски работи
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 75 | 30 |
Пракса | 165 | 66 |
Оценување | 10 | 4 |
Вкупен број на часови | 250 |