Опис на програма

Основна цел на програмата е да се оспособат лица над 15 години возраст да изведуваат фризерски услуги .
По успешното завршување на програмата учесниците ќе се оспособат да го организираат просторот и работата во фризерскиот салон, да разликуваат различни типови на коса, да спроведуваат разновидни фризерски третмани за нега на косата со соодветни препарати, да советува клиент за избор на третман, да комуницира со клиенти и соработници, да ги следи модните трендови и стручно да се усовршува и надоградува, да обезбедува услови за работа, за лична и колективна заштита.
Теоретската настава, практичниот дел и оценувањето ќе се реализираат во училница, кабинет опремена според соодветни технички услови во “Едукативен ценар ТЕСА Академи” Гостивар. Програмата е со времетраење од 240 часа и опфаќа 52 часа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак се изведува во фризерскa работилницa и опфаќа 164 часа. 24 часа се предвидени за оценување и проценка на стекнатите компетенции.
Програмата ќе биде реализирана преку девет тематски целини. По секоја тематска целина и тековно ќе се врши проверка на стекнатите знаења и вештини преку писмен тест и практична демонстрација. По завршувањето на програмата ќе биде спроведен завршен испит пред тричлена комисија, по чие успешно полагање се издава сертификат за работно оспособување за занимањето Фризер за жени и мажи. Во текот на реализација на програмата ќе се води портфолио за секој кандидат со цел следење на напредокот на кандидатите. Стекнувањето на теоретска основа и позитивна оценка ќе биде предуслов за започнување на реализацијата на практичниот дел од обуката.
Програмата ќе биде реализирана од страна на наставници со завршени студии по биотехнологија или медицина и фризер со минимум 5 годишно работно искуство.
Програмата нуди можност за напредување на повисоко ниво за фризер

Резултати од програма

По завршувањето на програмата учесникот ќе биде способен да: • Подготвува работно место • Комуницира и советува клиент • Мие коса • Потстрижува и обликува фризура со примена на естетски критериуми • Бои и бели коса • Бричи и обликува брада, мустраќи и бекенбарди • Користи перикерски производи • Работи во согласност со нормативи и прописи од фризерска дејност

Критериуми за влез во програмата

Завршено најмалку основно образование, над 15 годишна возраст

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 48 20
Пракса 168 70
Оценување 24 10
Вкупен број на часови 240
0 STUDENTS ENROLLED

    Instructor Details

    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support