Опис на програма
Програмата “Фризер-основно ниво” е насочена кон стручно оспособување на учесниците од областа на фризерството. Стекнатите вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Програмата за занимањето фризер-основно ниво се темели на стандард на занимање, кое се стекнува преку стручно-теоретска настава и практична обука. Програмата е со 250 часа или тримесечно времетраење.
Структурата на програмата за “Фризер-основно ниво” е следна:
- стручно-теоретски дел,
- практична работа и
- проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).
- Стручно-теретскиот дел од обуката ќе се реализира во училница-кабинет (опремен според правилнкот за стандардите за просторот и опрема). Теоретскиот дел од обуката ќе го реализира наставен кадар со високо образование, VII/1, со завршени студии по медицина, технологија и економија, со 3 години работно искуство во настава.
- Практичниот дел од обуката ќе се реализира во современо опремени фризерски салони. Практичниот дел од обуката ќе го реализира мајстор фризер со 3 годишно работно искуство.
- Третиот дел од програмата за “Фризер-основно ниво” е проверка на постигањата на кандидатите или завршниот испит.
Структурата на програмата е претставена со 8 теми од кои 7 теми се од областа на фризерството, а последната од областа на бизнисот и претприемништвото.
Главна цел на програмата е учесникот по завршување на обуката да биде способен да: организира сопствена работа, подготвува салон и клиенти за фризерски третман, советува клиенти, изведува фризерски третман, комуницира со клиентите и деловни партнери, води грижа за сопствената безбедност и безбедноста на клиентот, како и за здравјето и околината, води евиденција и подготвува пресметки за работата, познава права од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис и почитува работна етика и морал.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усна и писмена проверка на определени тематски целини и сегменти и практична работа- вежби.
По успешно завршување на програмата се полага завршен испит со што учесникот се здобива со сертификат за работна оспособеност “Фризер-основно ниво”.
Програмата дава можност за вертикално напредување во програми од повисоко ниво на занимање.
Резултати од програма
- организира и извршува работни задачи;
- создава хигиено техички услови за работа;
- комуницира со корисниците на услугите;
- подготвува работно место и клиент;
- избира алат, прибор, апарати и материјали за работа;
- проценува состојба на коса и скалп;
- мие и регенерира коса и скалп,
- потстрижува коса, витка и обликува коса, бои, бели, шатира и надградува коса;
- избира и изведува фризура според намена;
- развива претприемачки вештини;
- применува мерки за заштита при работа и заштита на работната средина;
- користи рационално материјали, опремата и времето;
- применува норми на работна етика.
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 50 | 20 |
Пракса | 175 | 70 |
Оценување | 25 | 10 |
Вкупен број на часови | 250 |