Опис на програма

Главната цел на програмата е кандидатите да се стекнат со знаење, вештини и компетенции потребни за занимањето Шивач во конфекциска индустрија. Учесниците во теоретскиот дел ќе бидат запознаени со основите на различни техники на шиење а голем дел од програмата е и практична настава преку која во реални услови ќе ги извршуваат зададените задачи. На крајот од успешно реализираната обука кандидатите ќе се стекнат со сертификат за работна оспособеност за занимањето Шивач во конфекциска индустрија. Во програмата ќе се вклучат кандидати со завршено минимум основно образование. Обуката ќе се состои од два дела, теоретски предавања и практична работа во траење од 270 училишни часа.

Резултати од програма

По завршувањето на програмата учесникот ќе биде способен да: • подготвува, организира и извршува работни задачи; • рационално користи материјали, опрема и време; • применува правила за пополнување на работна документација; • применува правила за соодветно водење евиденција; • комуницира и соработува со работен тим, соработници и надредени; • применува стручна терминологија; • подготвува основни и помошни материјали; • препознава карактеристики на основни и помошни материјали; • разликува основни делови на машина за шиење; • подготвува машини и апарати за шиење; • правилно и прецизно шие, согласно дадени упатства и насоки; • внесува податоци во нормативи; • применува мерки за заштита на околината во согласност со хигиенско – технички, противпожарни и други заштитни мерки; • работи согласно стандарди за отстранување на отпаден материјал.

Критериуми за влез во програмата

Завршено минимум основно образование. Не е потребно да се поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од оваа област. Кандидатите треба да бидат постари од 17 години

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 80 30
Пракса 180 66
Оценување 10 4
Вкупен број на часови 270
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support